Бог ги слуша сите наши молитви, па дури и оние кои ни се чинат мали и неважни!

Еден свештеник имаше галениче  мачка, која се искачи на дрвото во дворот и се плашеше да се симне. Свештеникот ја повикал, ја поканил со млеко и се обидел сè за да ја симне. Но, мачката не сакала да се спушти. Дрвото не беше доволно силно за да стане, па свештеникот одлучи да го поврзе јажето на автомобилот и се обиде да го свитка дрвото, за да може да стигне до мачката.

Направил се како што треба, полека го помрднал автомобилот и му се чинело дека треб ауште само малку да се помрдне за да може дрвото да се свитка да може да ја дофати мачката. Но кога се оддалечил доволно, јажето пукнало. Дрвото нагло се вратило на своето место, а мачката исто така нагло одлетала во воздухот и исчезнала од вид.

На свештеникот му било тешко. Одел по соседството и ги прашувал соседите дали виделе мала мачка. Но не виделе. Свештеникот се помолил: “Господе, Ти го предавам своето маче на чување. “ Потоа се вратил на своите обврски.

 Неколку дена подоцна бил во продавница и сретнал една пријателка. Случајно погледнал во нејзината количка и видел во неа храна за мачки. Знаеше дека таа жена не поднесува мачки, како што сите го знаеја тоа, па ја прашал: “Зошто купувате храна за мачки кога мразите мачки?“ Таа му одговори: “Нема да верувате.“Потоа му раскажала како нејзината ќерка сакала мачка, но таа упорно не и дозволувала. Но кога пред неколку дена ќерката повторно и побарала мачка, мајка  и конечно и рекла: “Ако Бог ти даде мачка, можеш да ја задржиш.“

Продолжила д арскажува: „Гледав како ќерка ми отиде во  дворот, клекна на колена и се молеше Бог да и даде мачка. И навистина, да не ви се верува, но го видов тоа со свои очи. Мачката оддеднаш долета директно од небото, со раширени канџи, и слета право пред неа. И не ми преостана ништо друго освен да ја задржам мачката,кога веќе дојде од Бог…”

Никогаш да не ја потценуваме Божјата моќ и Неговата уникатна смисла за хумор! ?

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *