Имате проблеми и сакате да се откажете? ОВАА ПРИКАЗНА ќе ви го смени мислењето.

Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и се пожалила колку и е тешко во животот.

Не знаела како понатаму, а не сакала да “се откаже од се“. Била изморена од борбите, штом ќе решела еден проблем, се појавувал друг…
Слушајќи ја, бабата ја одвела во кујната. Наполнила три садови со вода и ги стваила да се варат на оган додека водата не зоврела. Во првиот сад ставила морков, во вториот јајце, а во третиот зрна кафе. Седнала и ги оставила да се варат. По 20 мин го изгасила шпоретот.

Потоа ги извадила од тенџерињата и ги ставила во чинии.

Бабата се свртела кон својата внука и ја прашала: “Кажи ми што гледаш.“

“Гледам морков, јајце и кафе“ – одговорила.

Бабата потоа ја замолила да го допре и почувствува морковот. Таа го направила тоа и видела дека е мек.

Потоа бабата ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата се наоѓало тврдо варено јајце.

На крајот бабата ја замолила внуката да ја проба водата во која било сварено кафето. Внуката се насмеала кога ја почувствувала богатата арома на кафе.

“Што значи сето ова. бабо?“

Бабата и објаснила дека секоја од тие “намирници“ се соочиле со иста неволја – зовриена вода. Но, секоја реагирала поинаку.

Морковот бил тврд и непопустлив, но откако подлегнал на жешката вода станал слаб. Јајцето било кревко. Неговата тенка надворешна лушпа ја штитела течната внатрешност, но откако била подлегната на жешката вода, неговата внатрешност се стврднала.

Меѓутоа, зрната кафе се уникатни. Откако биле подлегнати на жешката вода, тие всушност ја смениле водата.

“Во кој пример се пронаоѓаш ти, дете мое?“, ја прашала бабата својата внука.

novizivot.net

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *