5 очигледни знаци дека сте во врска со емоционален психопат!

Луѓето се во право кога велат дека љубовта е слепа. Поради силната заљубеност и сигурност дека сте во идеална врска, ќе се случи да не видите со кого сте започнале врска. Партнерот умее многу добро тоа да го искористи и да ве врти со малиот прст. Тоа може да трае и да се засилува со тек на времето, а тоа воопшто да не го приметите. На крај доаѓа до колапс кога ќе сфатите дека драгата личност  емотивно ве злоупотребува, но  сето тоа го прикрива со слаткоречивост и нежност. Емотивните психопати не изгледаат лошо на прв поглед. Тие се полни со шарм, но всушност тие многу лесно можат да ве контролираат според она како ним им одговара. Вие инстиктивно ќе почувствувате дека неговото однесување не е во ред, но не во целост што навистина се случува. Препознајте ги ваквите личности на време со помош на овие 5 знаци и спречете ја манипулацијата на време:

  1. Вие сте главниот виновник за се што се случува

Немојте да бидете сигурни ни за момент дека тие можат да бидат наивни и глупави. Емоционалниот психопат точно знае што прави и кога греши, но никогаш нема да го признае тоа. Ни во лудило. Наместо тоа, ќе ве обвини дека сте направиле грешка и дека сте извор на проблемите. За се` сте вие виновни и приказната тука завршува.

  1. Големи лажговци и глумци

Тие не лажат само за работи кои директно влијаат на вашиот живот. Тие за се лажат, не ни трeпнуваат. Упорно ќе измислуваат и кажуваат невистински приказни за да вас ве изневерат и искористат како им одговара. Многумина стануваат жртви, и нивните искрени и силни чувства не им дозволуваат да сфатат што е реалност, а што бајка.

  1. Поради вас не можат да доживеат успех

Ќе ве увери дека вие сте виновни за сите негови неуспеси и дека тие се големи жртви на несреќата што сте ја предизвикале. Секој пат каде што ќе застанат, баш вие ќе бидете пречката која застанала на пат. И се` тоа го прави од чистa корист, затоа што само нивните чувства се важни.

  1. Вашите чувства и емотивна состојба не им се апсолутно важни

Луѓето кои гледаат само за себе, туѓите чувства им се важни како падот на дрво на сред шума во Парагвај. Вие сте нивна совршена жртва, лабилна и подложна под нивно влијание. Тешко можете да се извлечете од ваква врска. Особено кога ќе помине некое време за да целосно се збуните и да изгубите чувство што е навистина нормално.

  1. Дружење со другите луѓе е забрането

Не доаѓа во предвид да се појавувате во јавност без него. Заборавите пиење кафе со другарката или одење во дискотека со пријателите. Интеракцијата со остатокот од светот е строго забранета, за да може психопатот да има поголема контрола над вас. Ќе ве увери дека не можете без него да преживеете ни еден миг од животот. Без нив не можете да дишите и функционирате. Не си дозволувајте на себеси да барате драгоцено време од вакви личности. Отворете очи и побарајте помош на време.  Избoрете се за своите права и не дозволувајте некој да се игра со вашиот живот во своја корист. Ослободете се од болниот и пружете шанса на некој koj ќе ве цени и безусловно сака, затоа што искреноста и меѓусебната подршка се клуч за здрава и нормална врска.

 

Превел: Катерина Стојкова                                                          Извор: pozitivanstav.com

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *