МОЌТА НА МОЛИТВАТА:Променете ги работите со молитва!

Алфред Лорд Тенисон секако дека бил во право кога рекол: „Со молитва се постигнува многу повеќе отколку што овој свет може да замисли.“ Едно од најдраматичните движења во поновата историја бил падот на берлинскиот ѕид. Малку луѓе се свесни дека упорната, посветена молитва довела до оние возбудливи случувања во Источен Берлин на 9-ти ноември 1989 гдоина. Во 1982-та година, младиот германски пастор од Лајпциг, Кристијан Фирер, во понеделник навечер ја отворил вратата на својата црква за молитва и разговор за слободата. Тие молитвени состаноци се проширувале сѐ до еден понеделник навечер, октомври 1989 година, кога во црквата се појавиле осум илјади луѓе. Уште неколку илјади стоеле надвор, пред црквата на Николај. Националното движење за ослободување започнало со молитва. Над десетици илјади луѓе низ цела Источна Германија се придружиле на посредничките молитви на Лајпциг. Таа октомвриска вечер речиси милион луѓе се молеле за слобода. Зборувајќи за апсолутната неопходност од искрена посредничка молитва, дваесет години по падот на Берлинскиот ѕид, пасторот Кристијан Фирер изјавил: „Сфативме дека, ако престанеме да се молиме, нема да има никаква надеж за промена во Германија.“ (Prayer and the Berlin Wall, Cimmarronsong, blog, Fevruary 12, 2009; http://cimarronsong.wordpress.com/2009/02/12)

Еден од минатите комунистички државни службеници кој соработувал со Штазиј, источно-германската тајна полиција, го изнел ова воодушевувачко сведоштво: „Бевме подоготвени на сѐ, само не на свеќи и молитви.“

Берлинскиот ѕид не можел да се одржи пред гласот на огнените молитви на Божјиот народ, кој се обединил да Го бара Бога.

Молитвата доведува до промени. Посредничката молитва е моќна.

Како што паднал берлинскиот ѕид кога Божјиот народ се молел, така и ѕидовите кои нѐ спречуваат да бидеме потесно поврзани со Исус, ќе паднат додека Му се молиме на Бога.

Молитвата помага ѕидовите на гордоста, предрасудите, гневот, огорченоста, сладострастието, самозадоволството, млакоста и материјализмот да попуштат под дејството на Светиот Дух.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *