Вистинската Љубов Нема Рок На Траење!

Беше околу 8:30 часот кога едно преокупирано утро еден постар господин во осумдесеттите години пристигна за да прими неколку конци на неговиот прст.Тој кажа дека се брза и дека има закажано во 9:00 часот.

Му реков да седне да го прегледам.знаев дека ќе чека со часови за да го прегледа некој друг.Видов како гледа на часовникот загрижено и решив да му помогнам бидејќи ионака немав друг пациент.

По прегледот,раната беше добро санирана.Почнавме мал разговор додека ја средувам раната.Го прашав дали има закажано кај уште некој доктор бидејќи се брза.Господинот ми одговори дека нема и рече дека мора да оди во домот за стари и изнемоштени лица и да појадува со неговата жена.

Го прашав за нејзиното здравје.Тој ми одговори дека таа е сместена таму некое време откако станала жртва на Алцхајмеровата болест.Потоа го запрашав дали таа ќе се лути ако тој закасни.
Одговори дека таа повеќе не знае кој е тој и не може да го препознава веќе пет години.
Го прашав зачудено: “И ти се уште одиш секое утро иако таа веќе не знае кој си ти?“
Тој се насмеа и ме фати за рака и рече: “Таа не ме знае,но јас се уште знам која е таа“

Се трудев да ги задржам солзите откако замина.
Си помислив,“Ете таква љубов сакам во мојот живот“

Вистинската љубов не е физичка,таа е прифаќање на се што е ,било,ќе биде или нема да биде.

ВИСТИНСКА ЉУБОВ ..(од дневникот на Докторот)

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *