Печени лепчиња со карфиол и наут

Потребни ви се:

Околу 400гр карфиол

1 лажица маслиново масло

Сол

200гр печен наут

2 зрели авокада

2 лажици сок од лимон

4 тостирани лепчиња

2 лажици печени семки од тиква

Подготовка:

Во тавче ставете го маслиновото масло и исецкајте го и наредете го карфиолот, па посолете го и печете околу 25минути на 220 степени, заедно со него печете го и наутот.

Испасирајте ги авокадата заедно со лимоновиот сок и малку сол па намачкајте на лепчињата, потоа додадете од карфиолот и наутот, и одозгора ставете некој сос и зачини по желба.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *