Во животот се ни се враќа со иста мерка. Овој текст ќе ви го потврди тоа!

Си бил еден селанец кој му продавал путер на пекарот. Еден ден, пекарот се посомневал во селанецот и одлучил да го измери путерот за да види дали земјоделецот му дал точно еден килограм.

Тој имал што да види – имало помалку путер отколку што му рекол селанецот. Тој бил толку  возбуден што решил да го тужи селанeцот.

Судијата го прашал селанецот дали  користи вага за мерење. Селанецот одговорил:

“Почитуван судија, јас сум едноставен човек. Не ги користам овие модерни ваги, но имам обичен кантар. ”

Судијата потоа побара од него да објасни како го мери путерот. Селанецот одговорил:

“Почитуван судија, долго пред пекарот да почне да купува путер од мене, секој ден од него купував леб од него. Секој ден кога пекарот носеше леб, го ставав на едниот крај на канарот и му мерев точно толку путер од другата страна. Ако некој е виновен, тогаш тоа е пекарот “.

Во животот секогаш ни се враќа со  иста мерка. За некои луѓе, нечесноста преминала во навика, така што тие веќе не знаат што е вистина. Но, кого го лажат? Сами себеси.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *