Bog e ovde da vi dade sila

Ако токму сега сте повредени, Бог е овде да ви даде сила!

Исус рекол: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!” (Лука 9:23). Бог никогаш не рекол: „Наведни се и дозволи да го ставам Својот крст на тебе.” Исус не прави ништо присилно, Неговата војска се содржи од доброволци.

Сите верници не носат крст. Може да се биде верник и без да носите крст, но не можете да бидете Христов ученик. Многу го одбиваат крстот, сакаат добар живот, пари, популарност и успех. Може да имаат успех, но нема да Го запознаат Бога.

Оние кои трпат и страдаат, ќе бидат заедно со Исус во вечноста.

На нашите неволји и проблеми не мора да гледаме како на несреќи и казни, туку како на крст, кој ни е понуден, за да научиме да се потпреме на Божјата помош.

Ако токму сега сте повредени, може сте во процес на оздравување. Ако сте соборени од тешкиот терет, бидете подготвени! Бог е близу да се покаже силен за вас.

Бог ќе ви помогне преку човек или ситуација.

Запомннете, вашата сегашна ситуација, не е вашата крајна дестинација.

4 коментари

Напиши одговор на Antonio Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *