Бог има убав план за секој човек!

“Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.“- Еремија 29.11

Бог има убав план за вас. Тој сака да успеете. Да бидете среќни. Да бидете здрави и весели. Тој сака да ви подари живот исполнет со радост и надеж. Тој сака љубовта да царува во вашите семејства и вашите срца.

Но на оваа Земја, откако се појавил гревот, владее злото и оттогаш има многу болести инесреќи. Сатаната сака да ве уништи и да ви го упропасти животот.

Изборот е наш. Дали ќе одлучиме да останеме со Бог или ќе ја одбереме другата страна.

Животот не е лесен, но вреди да се бориш. Бог нема да не остави сами. Секогаш ќе не храбри и ќе ни помага во сите неволји. “Праведникот има многу неволји но, Господ го избавува од сите.“ Библија

Исус Христос на оваа Земја многу пострадал, но претрпел и сега сака и ние да претрпиме со Негова помош. Ако издржиме , ќе ни даде награда – живот вечен.

Тој умре за нас, ние да живееме.

“и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.“ Матеј 19,29

Само треба да церуваме во Бог.

“Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има вечен живот.“ – Јован 6,47

 

2 comments

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *