Магнет си за болести? – Еве зошто:

 

Дали ја закачуваш секоја настинка? Дали постојано се чувствуваш изнемоштено и болно?

Нормално е да настинеш, да добиеш некоја инфекција или некој гриподвреме навреме но кога оваа состојба на болест станува зачестена може да биде знак дека твоето тело не го добива она што му е потребно за да се заштити од болести. Нашиот имун систем е се потпира на целото тело односно на сите органи кои се поврзани меѓу себе за да остане силен.

Постојат некои клучни нешта кои го нарушуваат здравјето и не прават поподложни на болести. Следуваат топ пет фактори  кои ја нарушуваат работата на имуниот систем:

1.Недостаток на сон

Сонот е клуч за секој систем во телото и тоа е посебно важно за сочувување на имуниот систем.  Кога искусуваме длабок сон – тоа значи непрекинат квалитетен сон – нашето тело се вклучува во исцелување и поправање на деловите кај кои е потребно. Ова исто така е клучно време за имуниот систем бидејќи квалитетниот сон помага во борба со инфекциите и произведува доволно антитела за да можеме да се спротивставиме на настинката, на грипот и на другите сезонски инфекции.

2.Недостаок од нутритивни вредности

Имуниот систем има потреба постојано од гориво за да работи постојано и ефективно. Без соодветни калории, нашето тело  нема доволно резерви на енергија за да ги произведе клучните антитела и да се избори со инфекциите.Освн доволен процент на калории  неопходни се и конкретни нутритивни вредности кои кога недостасуваат можат негативно  да влијаат на имунитетот. На врвот на листата на нутритивни вредности се цинк, селен, железо, бакар, фолна киселина и витамините А, Б6, Ц и Е. Јадење на овошје, зеленчук и јаткасти плодови во доволн количини ќе му обезбедат на телото доволно нутритивни вредности.

3.Хроничен стрес 

Стресот негативно влијае на имуниот систем. Хроничниот стрес, кој трае подолго време, може да влијае на психолошките функции на многу начини како што се предизвикување на болки во стомакот, треска и срцеви заболувања. Кортизолот, хормонот за стрес го намалува нашето имунолошко здравје и го прави подложно на болести. Хроничниот стрес исто така може да влијае на траењето како и квалитетот на спиењето, на исхраната и дури и на зачестеноста во вежбањето што исто така влијае на имунитетот. Најдобар лек е да се најде активност или вжба која ќе ви помогне да се ослободите од стресот и тоа да го правите секојдневно.

4.Недостаток од физичка активност

Фзичката активност поволно влијае на целото тело а посебно и на имуниот систем. Физичката активност ја подобрува циркулацијата во нашето тело, која дозволува на ќелиите од имуниот систем да се движат поефикасно низ телото,и тоа помага во борбата со патогените и инфекциите.  Одлучете да пешачите најмалку 20-30 минути секој ден или најмалку 150 мин низ целата седмица за да добиете оптимални придобивки од физичката активност.

5.Отфрлете го алкохолот и пушењето

Ова не е нова наука. Постојано научници изнесуваат нови факти за штетноста од пушењето и алкохолот., посебно во блокирањето на имуниот систем. Тие имуниот систем го блокираат со токсини, посебно ги оштетуваат дендритичните клетки, имуните клетки кои бараат непознати патогени и го сигнализираат телото да реагира на овие напаѓачи. Тоа ги става нашите тела во ризик за инфекција и болест. Постојат најразлични начини, брошурии предавања кои можат да и помогнат во откажувањето на овие штетни навики.

Нашата најдобра заштита е да ги преземеме овие пет чекори со цел да се заштитиме. Да го зголемиме внесот на храна со нутритивни вредности, да си одиме на спиење малку порано секоја вечер , да се фокусираме на отстранување од стресот, и да се откажее од штетните навики на пушење и алкохол. Тоа е се ништо повеќе за добро здравје. Започнете денес со еден чекор по друг за да го изградите вашиот имун систем и да бидете помалку подложни на настинки, кивавици, трески и грипови кои ве напаѓаат секојдневно.

 

 

 

 

 

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *