Каде е Бог?

Често забораваме што е она што нè одржува во живот. Нечија намсевка, допир, подадена рака, комплимент и поддршка. Различни луѓе секојдневно влегуваат во нашите животи. Треба да им ги отвориме портите, да им покажеме внимание и да ги третираме еднакво.
Едно момче тргнало да го бара Бог. Во случај да огладне патем, си го наполнал ранецот со кутија колачиња и овошен сок. Одејќи така стигнал до еден парк каде седел постар човек. Му се причинило на момчето дека човекот е гладен, па понудило од своите колачиња. Старецот прифатил насмевнувајќи се. Потоа момчето му понудило и од сокот. На ова старецот уште повеќе се насмевнал. Така седеле во паркот со часови, јаделе колачиња и пиеле сок. По некое време момчето тргнало да си оди, но се навратило за да го прегрне старецот. Старецот раширил голема, искрена насмевка на своето лице, а на момчето насмевката му се причинила како да е волшебна.
Кога момчето се вратило дома мајката го прекорила што се враќа толку доцна, па го прашала каде се задржал. На ова момчето одговорило: „Мамо, денес ручав со Бог. Тој има најубава насмевка.“
Кога старецот се вратил дома, неговите синови забележале дека е многу радосен, а тој им рекол: „Денес јадев колачиња со Бог во паркот, тоа ме направи многу среќен.“

******************
‘Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле. (Матеј 25,40 Библија)

2 коментари

Напиши одговор на Marko Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *