И на крајот од денот секогаш личи како ништо да не си работела.

Денес ништо не направив.

Се подготвував за в кревет. Одејќи низ куќа, гасејќи ги ламбите и се осигурував дали вратите се заклучени.

Во кујната, вратата од машината за садови беше подотворена. Садовите кои беа измиени требаше да се извадат и садовите кои беа натрупани во садоперот треба да се стават за миење откако ќе се раскрене машината. Ќе го направам тоа утре.

Нагазив на неколку играчки бидејќи одев во мракот и кога влегов во дневната соба видов комплетен хаос. Колички, сложувалки, перници, ќебиња. Дури и не можев да го видам подот. Ќе ги раскренам утре.

Во ходникот, моите боси нозе собраа земја која децата ја внесоа кога ги собрав од надвор. Трошки паднале по ужинката. Ќе поминам правосмукалка кога ќе можам утре.

На дното на скалите забележав некое движење. Тоа беше кучето. Се движеше наоколу како нешто да не е во ред. Запалив светло да видам што не е во ред и видов дека се закачила за нејзиното крзно. Се вратив во кујната по ножици, го исеков заплетканото и ја испратив горе. Ќе ја бањам утре.

Можеби изгледа како да не сум направила ништо, но…

Ги исправ сите нечисти алишта денес. Беа испрани, исушени, здиплени и кренати. Но децата отидоа надвор и се направија со кал и требаше да ги пресоблечам. Потоа се намокрија дома и требаше повторно да ги пресоблечам. Па нечистите алишта повторно се намножија. Се зафатив со ручекот и вечерата па заборавив дека ја наполнив машината и дека не стигнав да ги исушам.

Денес ја испразнив машината за садови. Сите чисти садови беа раскренати. Имаше премногу од претходната ноќ што не можев да постигнам нова да ставам. Па по денешната вечера повторно има многу садови кои ќе ги ставам утре.

Денес поминав со правосмукалка. Секоја соба. Но децата беа надвор и се извалкаа. Тие ја разнесоа нечистотијата насекаде низ куќата. И ужинките се незгодни. Трошки направија по земјата и по алиштата. Додека си легнам во кревет, цел под беше повторно нечист.

Денес го бањав кучето. Мораше да го бањам. По бањањето мирисаше многу убаво. Но заборавив да ја исшишам и се заплетка и закачи нечистотија и пак се извалка.

Денес ги променив чаршавите. Ги исправ, исушив и наместив. Но 3 годишната ќерка испи многу пред спиење и ги измокри.

Гледате, денес се направив, но додека дојде време за спиење, не би знаеле дека е така. Како ништо да не сум направила.

Утре мислам дека повторно ништо нема да направам.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *