Прочитајте обавезно:“И, што сега, родители!!??“

Кога се граба за играчка во градинка, доаѓаат мама и тато и викаат малку на воспитувачката и на другарчето, она туѓото, она лошото кое му ја расипува играта на своето дете. Бидејќи нивното е златно кое со гордост го гледаат!

Кога ќе се степа со другарчето во училиште – доаѓаат тато и мама, се закануваат на тој што треба, уценуваат, само златото да им биде како што треба дури и ако е виновно или тоа започнало или ги загрозува другите. Ги има и тоа сите права како и сите деца. И понатаму го гледаат со гордост во своите очи.

Кога ќе почне да бега од часови во средно, да ги пцуе професорите и насилнички да ги третира другарите – доаѓаат тато и мама да им објаснат на сите дека е во чувствителни години, дека никој не го разбира и дека не е виновен што сите го предизвикуваат! Гордоста одамна ја заборавика, но мама и тато не се уморни, само тие не се откажуваат и така треба и да биде!

Кога одвај ќе го заврши средното, мама и тато го запишуваат на приватен факултет, бидејќи кој видел леб од државниот, а и зошто да се мачи детето кога ќе го постигне истото со помалку труд! Не сакаат мама и тато да признаат дека од своето галениче пропуштиле да направат човек, не сакаат да видат дека нема ни знаење ни волја за било што. Не, се уште има надеж.

Сега веќе на големо го зема татиниот голем автомобил без прашање, зошто веќе на 15 почна да излегува без да кажува каде. Има преку 20 сообраќајни прекршоци но тато има другар во полицијата и тоа го заташкува.

Што да правиш млад е, сите сме биле млади и сме правеле глупости! Пие алкохол, пуши, тој е луд, тој е брз и сите сакаат да бидат со него бидејќи е многу кул!

И тука се трагите од кочење, некоја кривина која како додега да не била тука, тука е врисок и болка. Тука е смртта.

И беше добар, фин дечко од улица, никогаш не правел проблеми, примерен ученик и добар другар.

За покојникот се зборува се најдоброто посебно ако е млад!

Многу ми е мака. Зошто лажете? Зар не мислите на сите тие деца кои повторно пијани ќе седнат зад воланот? Зар не мислите дека е доста толку покривање. Сега е готово! Тој е мртов! И сега треба да почне. Сега треба да се каже, да се вика на цел глас дека тоа така не може и не треба!

Каде сте родители? Не се осудувам да чепкам во вашата болка, но зошто плачете сега?!!! Како сте дозволиле вашата ќерка да биде ѕвезда во кафана на 15 год? Зошто не ја прашате каде оди толку разголена навечер кога утре се оди на училиште? Зошто допуштате синот да ја вози вашата кола а тукушто положил и не трепкате кога ќе стисне на гасот појако? Зошто сега плачете?

Децата обожаваат дебили кои со ништо друго не заслужиле да бидат познати освен што се деца на наведените! Децата сакаат да бидат како нив! Пијат додека не се онесвестат, се нафаќаат на понижување и кал само да не бидат отфрлени! На што сте ги научиле? Па вие ги испраќате во кафаните и им велите убаво да си поминат.

Фино друштво, примерни деца , а во друштво на дилери и неконтролирани богаташки деца кои целиот свој идентитет го засновуваат на парите на родителите. Тоа ли го сакате за своите деца? Таму ги праќате и се гордеете дека го “сакаат животот“. Седат и пијат во туѓи сепариња. Дали се свесни што прават самите?

И само се чека слика на популарните сајтови, бидејќи ако таму ви излезе слика од ноќниот провод – тогаш сте некој. Сите се слатки и малку напиени. И после не знаеме од каде тепачки и убиства.

И тогаш не знаеме како умрел 16 годишник на мотор за кој неговите родители и поима немаат. Како шест млади паднале во реката а пред тоа пееле на глас и се зезале. Вие само лајкувајте слики на ФБ и аплаудирајте како вашето дете добива популарност висејќи по ноќните клубови.

И после тоа молк. И лага. Една за друга. Да оправдаме, да избришеме ако можеме. И никој не  е виновен, никој така не сакал и се ставаме под тепих.

Пак доаѓа викенд да се шокираме со глетки на удрени автомобили, со жртви и да пак преку солзи си кажуваме како биле примерни деца.

Браво за текстот кој го напишал! Споделете го понатаму бидејќи ова треба да се прочита!

 

извор:istinito.net

22 коментари

  1. Не се винoвни децaтa.Рoдителите се без меѓусебнa пoчит,зaтoa штo вo oвaa денешнинa oднoснo рaмнo прaвнoст нa жените сo мaжите е дoјденo дo oвaa ситуaцијa,a фaкт е и тoa декa имa и килaви мaжи вo глaвaтa.А згoрa нa тoa сегa и прaвoтo нa дететo е кaкo фил нa сегaшнaвa фaктчкa сoстoјбa. ДА РЕЗИМИРАМ.Не мoже вo еднo семејствo двaјцaтa рoдители дa стaвaaт ред,oднoснo кaкo штo е и нaсекaде вo oвa нaше пoднебје .Пoтoчнa женaтa секoгaш требa дa гo имa зaвршниoт збoр.А aкo не е тaкa вo тaa куќa вoјни се вoдaт се дoдекa иaкo е свесен мaжoти не пoпушти.Вo тaa ситуaцијa тaa е зa децaтa дoбрaтa мaјкa a тaткoтo е лoшиoт вo oчите нa дететo.Пoнaтaму сo текoт нa времетo децaтa oднoснoмaјкaтa ги стaвa кaкo зштитен штит зa себе a тaткoтo требa тoј дa биде винoвникoт зa сите неуспеси вo тaa куќa и кoгa ќе пoрaснaт тие децa,се без никaвa пoчит пред се кoн рoдителите,a кaмo ли вo oпшествoтo.Дa не јa спoмнувaм пoлитикaтa (држaвaтa) вoкoјa сите дoсегaшни влaстoдржци си измислувaaт зaкoнчињa зa дa мoжaт не дa си ги нaтoвaрaт туку дa мoжa дa ги п р е т o в aр a т нивните (мaгaрињa) aпетити. Зa нa крaј жaлoснo е штo трaе не сo гoд. туку сo децении нo штo е уште пo стрaшнoтo и личнo мислaм не се гледa крaјoт.

    1. За политичките констелации, кои и да се, какви и да се, богами, сами сме си криви, и во минатото и во сегашноста. Кој не тера да одиме по митинзи, по избори, не нЕ тепа некој по уши? Што не си бојкотираме еднаш како ЛУЃЕ па ќе видиме како ќе биде? Или ако скокне еден за заедничките права тогаш најлесно е да биде оставен сам со својата „лудост“, а останатите „паметни“ пак ќе си се шмугнат по овие-оние партиички, за работа, за живот, за платичка, за да бидат повторно влечени за уши! Одново и одново! Кога ќе престанеме да се бусаме в гради ние „патриотите“ што немаме врска ни со П од патриотизам, е тогаш, ќе се смени што треба да се смени, а најважно ќе се смени „овца“ ставот. Дотогаш, најдобро за почеток да престанеме да го лутиме Бога и да почнеме вината да ја бараме најпрво во нас самите, а потоа во другите, оти со ставот дека овој или оној ни е крив за нашите неуспеси со двете раце потпишуваме дека сме, да ми простите, ништо лично, најмалку малоумни. Затоа, најитно менување тоа менталниот склоп, ама најтопло и најдобронамерно кажано, оти ќе не јаде помрачина.

  2. Za zal, i roditelite ne mozat mnogu da storat.
    Mozi li roditelot da go smeni vremeto na izleguvanje kasno na vecer i vrakanje rano ili kasno na utro?
    Mozi li roditelot da gi smeni
    NASTAVNITE PROGRAMI
    INTERNETOT I MOBILNITE
    NEPISMENITE NASTAVNICI?
    Za zal ne.
    Seto toa e unapred skroeno od nekoj od nadvor. Nekoj nevidliv protiv kojsto nikoj nisto ne mozi da stori.
    Da, sepak nekoj mozi nekoj kojsto znae za Bog … no premnogu.
    Tuka sekako ne spadjaat ni popovite ni vladicite, a ne ni Gospodinot Gospodin kojsto go oskrnavuva Plaosnik i cela nasa makedonska kulturna ostavstina.
    Obicniot covek nisto ne mozi da stori.
    SEPAK UBAVO E DA SE POTRUDI. I DA PROBA TOASTO MOZI, TOA STO SOVESTA MU NALAGA.
    Tekstot e ubav.
    Sekoj poedinec treba DA JA KORISTI SOVESTA I GLAVATA i se so e do nego licno da se potrudi da go stori.
    Teska borba e toa, narocito koga treba da se borime i protiv nesovesnite nastavnici.
    Pomozi Bog!

    1. Bravo. Gospodine.vo pravo ste .nažalost ni e nametnato ova vreme kade tehnoligijata e zauzela mah.ja sum makedonka .ziveam vo srbija dolgo vreme i iskreno da vi kazam ovde e haos pogolem nego vo mk.roditeljsko vosputuvanje ocajno.nema so razgovor rešavanje problema nego odma pretnja i nasrnuvanje.žalosno
      Majka sum no iskrena da bidam se plasam.vospituvam na ispraven nacin no to ne vredi .site vrlini sega se mani i obratno

  3. Содржината на текстот е сурова вистина. Начинот на живеење за жал не не води кон подобро и посреќно детство. Да децата се напредни, децата се паметни, децата се современи. Но каде води тоа? Со сите збиднувања околу нас очигледно води кон пропаст, наместо кон некои достигнувања. Зошто? Затоа што се заборава на еден многу важен факт – дека децата немаат сопирачки и дека возрасните се тие кои треба да најдат начин и да им покажат до каде можат и треба да одат.Сето ова почнува во најраното детство , во период на животот кога детето ги осознава работите околу себе. А што денес се случува околу нив. Презафатени возрасни личности, изморени од работа или неработа седнати пред ајфони и смарт телефони испратени смајли, лајкови наместо насмеани лица, а пред нив таблет „ мир во куќа“ и детето седи мирно не досаѓа, супер = си гледа странски цртани, вау знаат англиски пред македонски јазик, а при тоа и ќе си пуштат нешто што ќе си најдат , ооо додека возрасните видат што тоа гледа, детето научило да се однесува како што „треба“. И не треба да се бараат виновници ниту кај родителите, ниту кај вработените во воспотно-образовниот процес, бидејќи и едните и другите ако постапуваат поинаку од нормите на современиот начин на живот, веднаш се окарактеризирани како личности заробени во минатото, личности кои неможат да го следат напредокот, децата ги доживуваат негативно затоа што се за жал во мал број. Да навистина нешто треба да се менува, но тоа треба да биде во насока кон заедничко поминато време, кон враќање на вредностите на семејниот живот. Денес децата веќе и незнаат што е тоа заеднички ручек, тоа не им го дозволува работното време на членовите на семејството и има уште многу нешта кои повеќе неможе да се организираат токму од тоа работно време. Се почесто се слуша реченицата „Денес е друго време“ и да денес е навистина друго време , време на оттуѓувањето .

  4. Доцна е, ПОЧИТУВАНИ, доцна е… задоцнивме да кажеме дека на голема врата дојде времето на изместените вредности, кога гладниот е криминалец, а криминалецот е визионер! Сите се восхитуваат на удобниот, богат живот, живеат во бес и заблуда, се срамат од сиромаштијата, а аминуваат на високите момци со ниски чела… за жал. Живееме во време кога сЕ е во врска со сексот освен самиот секс. Направивме свет со морални вредности кои не вратија назад в пештера, голотијата стана природна појава, а „подавањето“ за „зденка“ стана регуларна форма на комуникација. Збеснати! Збеснати од удобност, неподносливата леснотија на живеењето. Човекот е создаден како дел од природата и таму припаѓа, да ја чува, да ја негува, да ја облагородува, а не да ја бетонира и потоа да блудничи врз неа со изговор – „да се изживее“. Е тоа нема, богами, тој широк и лесен пат води кон амбис, а патот кон вистинската среќа и ЖИВОТОТ, ви се допаѓало тоа или не, е тесен, тежок, трнлив и непредвидлив – полн со искушенија и катарза. Секој има свој избор, дали ќе го слави животот, дали ќе ја слави смртта.

  5. Треба да се пронајдат” виновните “да. Но сепак мислам дека треба да бидеме искрени и да почнеме малку и со самокритика.Да појдеме со анализа најпрво на себе како родители , да видиме каде сме згрешиле (сите грешат) , но ретко кој признава. Полесно е другите да се виновни.Никогаш не е доцна, посебно за вакви битни работи.Па ,тие колку години и да имаат секогаш ќе бидат наши “деца”, а ние нивни родители.РОДИТЕЛИ, а не најдобри пријатели.Најдобрите пријатели те поддржуваат во се и сешто, а родителите треба да поддржат ситуации но и да критикуваат моменти.Затоа нема оправдување.И јас сум родител. Се почнува од дома. И да не се лажеме. Мора да “работиме” со нашите деца, па ако треба една работа и милион пати да ја повториме , па дури и еден час ако имаме слободен во денот. Сите наши достигнувања и мисии се безвредни , ако не формираме здрави личности од своите деца.Затоа почитувани родители и јас и Вие треба прво да почнеме со себе па да продолжиме со нашите деца

  6. Супер, како и секогаш се наоѓа виновникот.
    Текстот како што имаше спомнато во претходните коментари е сурова вистина само што никој не сака да признае дека е виновен.
    Но колку и да велите дека децата се виновни, е тука веќе грешите. Бидејќи како можеш дете од прво одделение да обвиниш за нешто што тој/таа го гледа секојдневно и мисли дека е добро?
    Во ваквите ситуации сите се виновни, секој човек кој ќе го сретне тоа дете му дава пример како “треба” да живее. Започнувам од родителите, има доста деца кои потребно им е внимание кое не им го посветуваат неговите родители, не е битно дали работат цел ден или го поминуваат денот на телефон, децата сакаат внимание и потрбно им е на овие години, а тоа најмногу го бараат од родителите. За тоа внимание ќе направат се. Продолжувам понатаму, кога детето нема што да прави дома, осамени, се што има во тој момент да го занимава се цртаните филмови. Цртаните кај доста деца будат различни чувства, пример Том и Џери кој мене како помала ми беше омилен цртан, јас никогаш не посегнав да го испробам тоа што тие го правеа поради тоа што имаше секогаш некој да ме спречи и да ми каже како треба и дека тоа не е убаво, но доста деца тоа го разбираат како еден начин на добивање тоа што го посакуваат, и така започнуваат тие тепачки во училиште. Сега преминувм на наставниците, не можеме едноставно да покажеме со прст кон нив и да накривиме некој друг, бидејќи нивната работа е да ги научат децата на дадената програма од министерство и да им покажат и кажат како да се однесуваат. Воспитувањето на едно дете, како што знаеме започнува од дома, а наставникот кој воедно работи со повеќе деца и не може да му посвети внимание само на тоа дете и го превоспитува само него, на некои наставници им успева бидејќи знаат како треба да се однесуваат со такво дете, но не секој наставник е како нив. Има многу наставници кои воопшто не им е гајле што прават децата, и веќе тука стигнуваме до следниот фактор, соучениците на тоа дете. Има доста насилство низ училиштата, не само физички насилства, психички, јас знам дека тоа го гледам секојдневно. На тие деца им се полнат главите со секакви глупости а многу ретко наставниците реагираат кога ќе им кажат што се случува.
    Поминува период, истото се врти цело време во круг и доаѓаме во средно училиште, нови професори, нови соученици, се станува полошо.
    Сакам да кажам еден пример, јас кога бев 1ва година средно во мојот клас од 31 дете 10 пушеа, 5 се дрогираа. На крајот на 1ва година дали знаете колку деца го правеа ова? Од 31 дете 21 пушеа, а 15 се дрогираа. Дупло од тоа што беше. Плус психичкото малтретирање од основно е дупло сега, те оговараат зад грб, дебела е онаа, леле оваа е анорексична, види што облекла сељанкана. Доста ми се познати сите овие коментари.
    Во средното училиште денешно време, родителите не разбираат како е. Колку и да им објаснуваш колку и да ги молиш да направат нешто ќе ти речат ништо сериозно не е, ќе помине, само ти биди силен и брани се или па ќе отидат во школо, недела дена ќе биде молк и после тоа пак истата приказна. Професорите (не во секое средно училиште) многу вреѓаат, многу. Јас како ученик во средно училиште знам колку вреѓаат и манипулираат. Знам колку лечат комплекси на нас. Покрај тоа низ училиште многу муабети се вртат, некој ќе измисли нешто, ќе го дознаат сите, и се повеќе се расипува тоа дете. Ќе се здружи со еден од наркоманите и дилерите и тоа ќе му биде начинот како да се “оттргне” од реалноста и од проблемите.
    Така ќе почне се. Ќе почне да се пијанчи и да биде фраер, ќе почине да се дрогира и да “ужива” додека си го расипува организмот, ќе почне да лаже, да бега од часови, да седи до ниедно време надвор, почнува да краде, да се тепа со секој втор. И ај кажете ми што може да се направи да му се помогне на тоа дете? Сите овие работи на кои се навлекол да ги прави започнале од дете исто како ова што го опишувам до сега. И сите знаеме ова како завршува таа приказна.

    Проблемот според мене не е насочен само кон еден, како што покажувате со прст како мало дете, ти си виновен. Туку малку погледни се себе, ти како си влијаел на животот на едно вакво дете.

    (Знам дека се е измешано во текстов, но сакав да го напишам своето мислење бидејќи оваа тема е многу болна и е нешто што се случува секојдневно.)

Напиши одговор на Марија Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *