Имате холестерол во крвта? Оваа храна ќе ви помогне да го намалите!

Храна која помага во намалување на холестеролот во крвта

Холестеролот во хемиска и биохемиска смисла претставува органска молекула која и припаѓа на фамилијата стероли и всушност претставуа тип на масна молекула која е синтетизирана од страна на луѓето и животните. Важно е да се знае дека холестеролот е есенцијален за живот и тој е дел од клеточните мембрани, потребен е за синтеза на одредени хормони итн.  Но и покрај тоа што тој е неопходен за живот, високата концентрација на холестерол во крвта (до каде што се транспортира преку липопротеини), т.е високата концентрација на LDL (low-density lipoprotein) во крвта се смета за еден од поглавните ризик фактори за појава на кардиоваскуларни болести. LDL претставува комплекс на протеински носач, холестерол и останати компоненти и лошото е што овој комплекс всушности служи за транспорт на холестерол низ вашето тело и низ крвните садови по што постои можност холестеролот да се таложи на вашите артерии и да ги направи покрути и да го намалува нивниот дијаметар. За да го избегнете овој ризик фактор прочитајте што треба редовно да консумирате.

Храна која помага во намалува на нивото на “лошиот“ холестерол во крвта

  1. Овес– тој е добар извор на растворливи влакна за кои се знае дека го намалуваат нивото на холестерол во организмот.
  2. Рж и други интегрални житарки – најверојатно и овие житарки го намалуваат холестеролот преку растворливите влакна кои се содржат во нивниот состав.
  3. Грав – постојат многу видови на грав и кој и да го изберете нема да погрешите бидејќи скоро сите видови се одличен извор на растворливи влакна.
  4. Модар патлиџан и бамја – доколку сакате со малку калории да го намалите холестеролот тогаш овие зеленчуци се вистинскиот избор за вас.
  5. Јаболка, грозје, јагоди, цитрусни овошја– овие растенија се богати со пектин-вид на растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.
  6. Јаткасти плодови – и јатките може да доведат до благо намалување на LDL во крвта, но тие имаат и други многубројни заштитни ефекти врз кардиоваскуларниот систем.
  7. Ладно цедени растителни масла – маслиново, канола, или сончогледово масло –сите овие масла кога се во ладно цедена состојба се добри за намалување на “лошиот“ холестерол.
  8. Соја – сојата и производите од соја исто така се покажале како ефективни во намалување на холестеролот.
  9. Лук, авокадо, куркума, чиа и ленено семе- се исто така растителни намирници кои може да ви помогнат да се справите со високиот холестерол во крвта.

Одговара: Нутриционист Маја Велковска

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *