3 Причини Зошто Бог Сака Да Успорите!

Можеби сте слушнале за Марта во Библијата која била зафатена правејќи нешто “добро“.

Оваа сторија се случува кога Исус оди да се сретне со Марија и Марта.

Во Лука 10:40-42 пишува:

“…Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога застана, рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи и да ми помогне.”
А Исус и одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да и се одземе.”

Тука Исус кажува дека едно е потребно. Не две или повеќе. Само едно било потребно и МАрта го пропуштила бидејќи била зафатена со служење.

Марта најверојатно немала лоши намери, таа правела добро.

Често имаме влијанија од околината и очекувања од луѓето кои не поробуваат но тие некако може и да не повредуваат.

Еве неколку причини зошто не треба да бидете како Марта:

Може да ве одвлече од вашата цел

Ова може е најважната причина да кажете не на тоа да бидете “зафатени правејќи добро“.

Добро е да помагате, се додека не ве одвлекува од она што вистински треба да го правите.

Имајте време за Бог. Не го правете она што другите го очекуваат од вас.

Може да влијае на вашите врски на негативен начин

Марија и Марта биле сестри но не можеме да кажеме дали биле блиски. Таа ја кажала својата сестра на Исус дека не и помага.

– Марта можеби мислела дека е во право, но таа се грижела само за физичките потреби на гостите.

– Таа била среќна што ја кажала својата сестра што покажува дека може не биле блиски.

Дали некогаш ние ги кажуваме своите блиски, пријатели, колеги бидејќи не го прават својот дел?Можеби со тоа им судиме и не сме исправни?

Во намерата дека правиме нешто добро треба да бидеме сигурни дека немаме превисоки очекувања од другите.

Сите сме различни и со различни дарови, но треба д апазиме на своите зборови и како тие може да влијаат на другите.

Може да ве доведе до компромис

Исус го познавал ова семејство и тие многу го сакале Него.

Таа вечер и двете направиле добри работи, но очигледно дека Марта ја направила погрешната.

Многу пати се насочуваме кон нешто мислејќи дека е добро но на крај заклучуваме дека залудно сме го потрошиле нашето време. Затоа треба да виидме од кои мотиви ги правиме и со која цел.

Да му дозволиме на Бог да не води и да ни открие кој е Неговиот план за нашиот живот.

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *