Сè што даваме , Тој ни го враќа стопати повеќе!

Исус не учи дека ако човек сака да го спаси својот живот, прво треба да го изгуби.Тоа е непроменливиот закон Божји. Денот осамнува по ноќта. Живот доаѓа од смртта. Пред да може растението да никне, семето мора да умре. Ако зрното пченица не падне на земјата и не умре, ќе остане само.

Ако сакате да го стекнете небото, тоа ќе ве чини овој свет. ако сакате да го спасите својот живот, морате да го изгубите, и обратно, ако го изгубите својот живот, ќе го спасите.

Кога во тоа време сакале да го следат Исус, Тој ги предупредил што значи тоа: “Лсиисците имаат јами и птиците гнезда, но Синот Човечки нема каде д аја положи главата своја“ Не им ветил углед и материјално богатство. Тој рекол: “Мојата милост ти е доволна“

Тој не ни ветил живот без проблеми, но ни дал ветување дека никогаш нема да не остави.

Многу луѓе не сакаат да го следат Бог бидејќи не сакаат да ја платат цената. Но, се што ние Му предаваме, Тој ни го враќа стократно повеќе!

Само да Му веруваме!

 

извор.  новиживот.нет

One comment

  1. Верувам Господи призн авам, дека си ти син на живиот Бог, кој дојде на светот да ги спасиш грешниците меѓу кој првиот сум јас! Дозволи ми денес сине Божји, да учествувам на твојата тајна вечера, зошто нема да ги предадам твоите тајни на непријат елите, и нема да ти ја дадам целувката како Јуда туку како разбојни кот ти се исповедувам!
    -Спомниме Господи кога ќе дојдеш во твоето Цар ство!
    -Спомниме Владико кога ќе дојдеш во твое то Царство!
    -Спомниме Пресветли кога ќе дојдеш во твое то Царство!
    -Господи, примањето на твоите пресвети тајни да не ми бидат за суд или осуда, туку за исцеление на душата и телото!
    -Боже биди милостив према мене грешникот!
    -Боже очистиме од моите гревови, безброј пати згрешив, Господи простими! АМИН! То

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *