Јас сум силна жена бидејќи ме изгледала силна жена!

Научив да бидам силна и да се борам за се во животот од мојата мајка. Научив дека некои работи во животот не ни се дадени на тацна и дека за нив треба да се бориш.

Да имаш  мајка која се бори сама во животот,  да ти овозможи многу работи за да можеш да продолжиш по патот на животот, да ти даде вистински цврст и позитивен став, оформен добар карактер, силна визија и еден грст соништа и надежи вреди за сета нејзина борба.

Да ти го даде сето тоа на чесен и праведен начин, без откажување и со пот и солзи значи дека од неа извира голема сила која се пренесува на тебе и ќе те води се до крајот на животот.

Да бидеш силна жена, не значи да имаш мускули и многу пари, туку да останеш насмеана и покрај сите проблеми, да не се откажуваш и покрај сите искушенија, да продолжиш да сакаш иако си повредена, да покажеш сила и кога си слаба…ранета…

Јас сум силна,

бидејќи ја познав слабоста,
Јас сум сочувствителна,

бидејќи го искусив страдањето.
Јас сум жива,

бидејќи сум борец.
Јас сум мудра

бидејќи бев неразумна
Јас се смеам,

бидејќи ја познавав тагата.
Јас можам да сакам,

бидејќи ја запознав загубата.
Ја преживеав бурата,

можам да танцувам на дождот

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *