НАЈГОЛЕМИОТ ЛЕК!

Живеела една старица која сите ја знаеле како многу дарежлива.  Никој за ништо не одбивала. Наскоро се случило реката да надојде и да ја поплави најблиската куќа. Сосетката решила да отседне кај старицата. Знаела дека таа нема да ја одбие. Така и се случило. А кога дошло време да си оди, старицата и подарила неколку топли ќебиња.

– Земи ги – рекла, – ќе ти требаат.

Сосетката и се заблагодарила, но ја прашала:

– Зошто секогаш им помагаш на луѓето? Ти самата не си воопшто богата, па ќе дојдеш до просјачки стап. А има луѓе кои не го ценат доброто што го правиш за нив.

– Не ме мисли мене – одговорила старицата, – колку повеќе давам, толку повеќе си ја полнам душата. А дали луѓето го ценат тоа или не, не е моја работа.

За мене е важно мојата душа да е сита, а не стомакот.
Тоа е мојот лек за се.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *