За Секоја Изморена Мајка, Ти Вредиш!

За онаа мајка која се крие во бањата бидејќи и е потребен мир барем на една минута, додека солзите се леат по нејзините образи…

за онаа мајка која е толку изморена и која се чувствува како да не може повеќе да функционира и само  да се одмори…

За онаа мајка која седи во колата и јаде набрзина бидејќи нема време да јаде или не сака да ја гледаат како јаде…

За онаа мајка која седи и плаче на каучот откако им викаше на своите деца за нешто мало и сега чувствува вина и се чувствува безвредно…

За онаа мајка која очајно сака да ги облече старите фармерки бидејќи се што сака е да с епогледне на огледалото и повторно да се чувствува убаво…

За онаа мајка која не сака да ја напушти куќата бидејќи не може да се справи со ништо надвор од неа…

За онаа мајка која повторно нарачува пица бидејќи вечерата не испадна онака како што сакаше…,

За онаа мајка која се чувствува осамено без оглед дали е сама или во некоја гужва….

Ти вредиш,

Ти си значајна,

Ти си посебна.

Ова е само фаза од животот. Ова е само тешка и предизвикувачка фаза од животот.

На крај, ќе видиш дека вреди. Но сега е тешко. Тешко е за многу мајки иако не зборуваат за тоа, тешко и м е.

Ти вредиш,

Ти се трудиш најмногу што можеш.

Оние мали очи кога ќе те погледнат – тие мислат дека си СОВРШЕНА. Тие мислат дека вредиш….

Тие мали рачиња кои се подаваат да те прегрнат – тие мислат дека си НАЈСИЛНА. Тие мислат дека можеш да го победиш светот.

Таа мала уста која ја храниш – мисли дека си посебна бидејќи сите нејзини потреби се задоволени.

Она мало срце кое бара да го допре твоето -тоа не сака ништо повеќе. Тоа те сака само ТЕБЕ.

Бидејќи ти си доволна , Ти си повеќе од доволна, мамо.

Ти. Си. Посебна

 


 

2 comments

  1. Majka kako to gordo zvuci. Ali majka je casno biti. Majka radja decu a trudise da ih nauci svemu sto treba da znaju kad postanu ljudi. Kad se rodi i kad detetu vrpcu odseku tek tada dete je vezano za majku. Majka se voi kako je to opisano i prici: Policajci priveli malo dete koje se izgubilo i ka su g pitali kotije majkaono je odgovorilo moja majka je naj bolja i naj lepsa na svetu. Policija mu je majku nasla ali su svatili toje bila zena siromasna i bedno obucena neocesljana i neumivena ali za njeno dete ona je naj lepsa za njega bila. Eto pa sad razmislite koje i zasto je majka mila. LUKA

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *