Почитувај се себе си и другите ќе те почитуваат!

Приказна која нè учи дека треба да се пазиме и чуваме себеси … да сме отворени со секој понекогаш е штета … дека е важно да ја заштитиме душата, ако сакаме потоа да ја споделиме нејзината убавина со луѓето кои имаат очи и срца за неа …

Еднаш кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата во солзи.

– Што да правам? – плачела таа. – Јас секогаш се трудам да бидам љубезна и да се однесувам добро со луѓето, да не навредам никого, се обидувам да им помогнам на сите, колку можам. И покрај тоа наместо благодарност и почит, луѓето ми се смеат и ме навредуваат. И дури се  непријателски кон мене. А јас не сум виновна за ништо и затоа ми е толку тешко.  Кажете ми што да правам.

Мудрецот рекол со насмевка:

– соблечи се гола и прошетај така низ градот.

– Да не сте полуделе! – се револтирала девојката. – Така ми е срам и кој знае што ќе направат со мене.

Тогаш мудрецот ја отворил вратата и ставил на масата огледало.

– Гледаш, – рекол тој – да се појавиш во општеството со голо тело тие е страв. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. И секој без покана може да влезе во твојот живот. И ако видат во твоите добродетели како што во огледало ги гледаат своите пороци, тие се обидуваат да те клеветат, понижуваат и повредуваат. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. Не сакајќи да се промени, лошиот човек секогаш тргува со праведните.

– А што да правам? – запрашала девојката.

– Дојди да ти ја покажам мојата градина.

Таму мудрецот  ирекол:

– Во текот на многу години јас ги насадив овие убави цвеќиња и се грижам за нив. Но никогаш не сум забележал како цветаат обоените пупки, иако потоа  се насладувам на убавината и мирисот на секоја една од нив …

Биди и ти таква – како цвет: отвори го твоето срце за луѓето полека и незабележливо. Види кој е добар човек и заслужува да биде пријател – за него отвори ја душата, а не за оние кои ги кинат твоите цветовите и ги газат со нозе …

Оние кои ќе видиш дека се груби, нечесни и неблагодарни – бегај од нив. Не дозволувај на секој човек да влегува во твојот живот. Држи се настрана од грубите луѓе и чувај ја за нив душата заклучена …

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *