Поучна приказна “Не заборавај сине, сè се враќа!“

(читање за 2 мин, мудрост засекогаш)

“Тешките времиња беа и поминале но пак дојдоа, синко мој“ – рече старецот.

“Откако знам за себе отсекогаш бил животот тежок, но порано полесно се живееше.Немаше кој знае колку, но срцето ни беше задоволно со тоа што го имавме. Срцето ни беше полно со љубов од кое се раѓаше почит кон луѓето. Таткото беше татко, а мајката – мајка,детето – дете. А денес? Не треба премногу да се зборува, се се знае.

С еповеќе овој свет се мие во солзи бидејќи среќата за некои е само поим или бајка. Ако ме прашаш мене сине, јас одамна немам почувствувано трошка радост и мир. Долго се немам насмеано од срце. Знаеш она “од душа“.

Секако ја викав, само не знам дека требаше да ја викам “мој животе“, но сега знам…

Ме прашуваш ли за децата?Добри се, нека се живи и здрави! Сите имаат свои деца и свои животи! Понекогаш доаѓаат да ме посетат и ми пружаат колку што можат. Седам овде покрај прозорот и со часови гледам некаде, а да ме прашаш каде, ни самиот не знам!

Но гледам и чекам и кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца како сонце да ме осветлило. Иако ретко ме осветлува. Ми велат дека имаат премногу обврски и постојано некаде брзаат.

Запомни, сине мој. Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и оставил а тоа е дека сите сме деца и дека сите ќе бидеме родители. Дека денес сме млади – а утре стари. Дека денес сме млади – а утре слаби. Дека денес сме здрави , а утре којзнае? И дека ако има правда, ете баш тука се наоѓа.

И јас некогаш бев млад и силен.И јас бев среќен и со елан.И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како што чекам јас сега. Затоа, не заборавај сине, се се враќа!“

 

 

извор: стилживота.нет

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *