Колку и да изгледа тешко, Бог може сè да изведе на добро!

Сите имаат некоја борба во животот. Борбите не прават посилни.

Тоа што нема да не убие, ќе не направи посилни.

Ќе не зајакне и зацврсти.

Но има моменти кога ни изгледа тешко и неиздржливо.

Кога мислиме дека нема решение. Кога мислиме дека нема излез.

Кога мислиме дека е крај на се.

Кога мислиме дека сите не напуштиле. Дури и Бог.

Кога мислиме дека се е против нас.

Кога немаме  сила да продолжиме напред, да се бориме и да не се откажеме.

Ни изгледа тешко и забораваме на Бог.

Забораваме дека Тој има решение за се. 

Забораваме дека Тој може да направи пат дури и кога нема пат.

Забораваме дека нема ништо невозможно за Бог.

Дека Тој не сака и никогаш нема да не напушти.

Дека Тој работи во наша полза и има убав план за нас.

План за успех и убав живот.

Дека Тој може се да изведе на добро.

Забораваме да веруваме.

А во тој момент се што треба е да Му веруваме.

Да Го побараме. Тој не чека.

Тој сака да ни помогне.

Само треба да Му дозволиме.

Кога Бог е со нас, кој е против нас?

2 comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *