Во тешките ситуации ја учиш најважната работа – дека можеш да се потпреш само на Бог!

Нема ништо поубаво од тоа кога ти е тешко некој да ти рече – тука сум за тебе!

Да те охрабри, да ти даде надеж, да ти даде поддршка , да ти ја врати верата во луѓето, верата во Бога.

Сите сакаат да добијат утеха, никој не сака да даде!

Во тешките ситуации денес можеш да научиш важна лекција а тое е дека никој не те разбира како Бог, никој не те сака како Бог и никој не може да ти помогне освен Бог!

Во тешките ситуации учиш да бидеш борец а не жртва!

Во тешките ситуации учиш дека не можеш да се потпреш на никој човек освен на бог!

Учиш да бидеш силен, да се бориш, да не се предаваш, да веруваш!

Таа сила не е од луѓето, доаѓа од Бог!

Тој ти дава сила да надминеш и победиш!

Тој не те остава ни во тешките ситуации, а во добрите се радува за тебе!

Не го оставај ни ти,

и кога ти е најтешко побарај Го!

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *