Низ што и да поминуваш не заборавај дека Бог ја знае твојата болка и нема да те остави и напушти. Тој е со тебе и ќе ти даде сила да издржиш, вера да го поминеш полесно и љубов да простиш и заборавиш. Да одиш напред понатаму. Секое искушение те прави само посилен и похрабар.
Твојата болка е твоја сила. Те прави и ранлив и силен истовремено. Да издржиш и да се молиш. Да страдаш но и да се бориш. Да плачеш и да не се откажуваш. Те прави човек и повеќе од тоа. Те прави борец!
Не заборавај дека не си сам и дека Бог ти помага. Предај ги на Него сите тегоби и Тој ќе ти даде утеха!
Господ со нас секогаш да биде,тој е светилка на нашата нога кој не води низ животот,тој е поткрепа и утеха во секој наш момент,лош или добар.слава тебе Господе.
Амин,
Алелуја,