5 нешта кои и се потребни на секоја сопруга (но не знае како да ги побара)

Во многу бракови, една од главните проблеми е комуникацијата. И стереотипно кажано, обично сопругот е етикетиран за овој проблем.

Но мажите не се единствените со овој проблем. Има многу нешта кои им се потребни на сопругите од нивните сопрузи, но не знаат како да ги кажат или се плашат да прашат од тензијата која би се јавила кога би прашале.

Повеќе од 200 жени неодамна биле прашани: Што е она што ви треба од вашиот сопруг но не знаете како да го прашате? Еве ги топ 5 те одговори…

  1. Вербална афирмација

Жената можеби знае дека е најсакана од нејзиниот маж но исто така и значи тоа д аго слушне: “Сепак ми е потребно да знак дека му се допаѓа како изгледам и дека се уште ме посакува.“ одговори една од анкетираните жени.

Жените сакаат да знаат дека мажите ги ценат и тие тоа најчесто го покажуваат без зборови, но сите жени знаат дека моќта е во зборовите!

2. Неподелено внимание

Секој зависно од ситуациите во животот има нешто што го одвлекува. Дали тоа е технологија или некоја друга област, важно е кога ќе бидете дома да имате време во кое нема д абидете прекинувани, во кое ќе имате интимен контакт со својот сопруг.’ Време само з авас.

3.Време насамо

Жените во последно време имаат многу обврски на секое поле и понекогаш имаат потреба да бидат сами. Далеку од сите и од се. Време само за себе. Да ги наполнат батериите и д аможат да продолжат понатаму.

4. Романтика

Факт е дека жените сакаат романтика до крајот на животот. Најсреќни се кога сопругот ќе ги изненади со некој план за викендот или да одите некаде на прошетка во природа или да излезете некаде.  Романтиката е искра која треба да гори се додека сте живи. Не ја гасете.

5. Помош

Секојдневните обврски е многу подобро кога с еподелени и кога сопругот и помага на својата жена во куќата или со потребите на децата и со тоа покажува дека ја разбира нејзината улога и дека ја поддржува во се. Помошта многу и значи и на тоа таа двократно возвраќа.

 

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *