Не плашете се, Јас ги гледам и ги знам сите ваши страдања и нема да дозволам сатаната да ве уништи!

Се будите ли секој ден со тешкотии поради некои леснозаводливи навики или страсти во својот живот? Бог знае се за тој грев кој останал во вашето срце. Тој знае дека го мразите и дека плачете над него и дека сакате да ги слушнете овие зборови: “Господ е крепост моја и штит мој; во Него има верба срцето мое и Тој ми помага; затоа се радува срцето мое и јас ќе Го прославувам со песна.“ Псалм 28,7

Сатаната сака да се плашите као никогаш да нема да бидете избавени и слободни. Но Давид рекол:“нема да се исплашам од злото“ Псал.23,4

Бог им вели на сите ожалостени и повредени:“Не плашете се, Јас ги гледам и ги знам сите ваши страдања и нема да дозволам сатаната да ве уништи!“

Може ќе се прашате:Но што можам јас да направам? Како можам да имам мир Божји во сето тоа?“ Одговорот се наоѓа во Божјата реч за Мојсеј и Израел. Со морето пред себе и и Израел зад себе, без можност за бегање Бог им заповедал:“Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека. Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.” (Изл 14,13,14)

Овој израз “Бидете мирни“ значи немојте да се грижите, немојте да пробувате сами да најдете излез од сето тоа.Наместо тоа, предајте се на Бог и Тој ќе направи пат за вас.

Јошуа и неговата војска морале да се соочат со огромна воена машинерија. Тој погледал на бојното поле и видел долина исполнета со силни воени коли и добро извежбана пешадија додека тој имал само куп изморена и неизвежбана чета.

Тогаш Господ му рече на Исус: „Не плаши се од нив, зашто Јас ги предадов во твои раце: никој од нив нема да остане пред тебе.”

Бог прогласил победа уште пред Јошуа да влезе во битка! Му рекол: “Победата е веќе добиена. Сега оди и бори се знаејќи дека Јас ти ветив победа.“

Ова е пораката на крстот.Победата е веќе добиена за нас!

 

 

Превод од новиживот.нет

7 comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *