Кога Бог остава да чекате!

 

Исус можеше да оди и да го излечи Лазар додека се уште беше жив.

Наместо тоа, Тој чекал да го воскресне од мртвите кога веќе бил во гробот.

Бог можел да направи Давид да стане крал откако беше помазан.

Наместо тоа, Тој чекал 15 години да застане на тронот, многу од тие години поминал плашејќи се за својот живот, криејќи се и бегајќи.

Бог можел да збори со Мојсеј во пустината и д аму каже дека ќе го прати да му помогне на Неговиот народ да го ослободи од ропство 40 дена откако  избега од Египет.

Наместо тоа, Тој направи да чека 40 години.

Бог можеше да го ослободи Јосиф од затвор една година откако беше пратен таму.

Наместо тоа, тој остана во затворот уште 10 години.

Бог можеше да му даде син на Аврам кој Му го вети уште додека бил млад.

Наместо тоа, Тој чекаше додека стана 100 години.

Бог можел да им одговори на молитвите и да им го даде потребното много побрзо, но Тој не го направил тоа. 

Тој оставил да чекаат..

И Тој понекогаш и нас не остава да чекаме..

Тој остава да чекаме за исцелување и да го добиеме она за што се молиме со години и нема знак на осцелување.

Тој остава да чекаме и да се исполниме со Неговиот повик во нашите животи откако ќе ни стави желба и компнеж во нашите срца да Му служиме на одреден начин.

Тој остава да чекаме за да ни даде копнеж во нашите срца, дали е за бебе, сопруг или нова работа.

Тој остава да чекаме за правец од безизлезна ситуација и не знаеме каде да одиме и што да правиме.

Тој би можел да одговори на таа иста молитва за која с емолиме со години секоја ноќ.

Таа иста молитва која ве доведува до плачење.

Таа иста молитва која колку повеќе време е неуслишена, повеќе ве тера да се запрашате дали

Тој воопшто ве слуша.

Тој го држеше Мојсеј во пустината 40 год.

Јосиф во затворот 10 год.

Аврам без дете 100 год.

Давид во бегство 15 год.

И можеби и вас ве држи таму каде што сте од истата причина која ги држеше овие луѓе многу години: да ја зајакнете вашата вера.

Да ја јакнете вашата вера во затвор, во долината на вашиот живот каде што е премногу темно за да гледате и претешко за да верувате.

Да ја јакнете вашата зависност од Него кога сте празни да гледате дали Тој е се што ви треба и сакате.

Да ја јакнете вашата вера во Него кога бурата беснее, битката уште трае а победата и излезот не можат да се видат.

Бидејќи и ние растеме со верата.

Учиме како да зависиме само од Него.

Што чекате денес?

Што ве спречува да бидете вака исполнети?

Која молитва ја кажувате што ви изгледа дека не допира до Божјото уво?

Бог не е глув на нашите молитви.

Тој не е слеп за нашите солзи, неволји и потреби.

Ако Тој прави да чекате, тоа е бидејќи има добра причина за тоа.

Ако денес Тој ви вели “не“, тоа е бидејќи има нешто подобро за вас утре.

Ако сте на исто место денес,можеби е поради тоа што ви помага да ја јакнете вашата вера за да влезете утре во Ветената земја.

Ако не ве излекува денес и не ви дава победа, можеби е за да имате поголемо сведоштво утре.

Каде и да сте денес знајте Бог е покрај вас и дека има план со вас. Дури и ако тоа значи тоа да чекате.

Не се откажувајте само затоа што не гледате дека нешто се случува денес.

Можеби ништо физичко не се случува што вашите очи можат да го видат но дефинитвно нешто се случува на духовно поле за да ве научи да се потпрете на Христа.

Не дозволувајте овој период на чекање да ве направи безнадежни за тоа што ви носи иднината.

Наместо тоа, јакнете ја вашата вера за да ви даде поголема надеж за тоа што Бог ви подготвува.

Тој оставил најголемите луѓе на верата да чекаат.

Не се обесхрабрувајте ако и вие треба да чекате.

One comment

Напиши одговор на valentina Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *