Како да ослабнете со помош на ѓумбир!

Ѓумбирот е чест зачин во кујната кој се користи како лек со векови.  Внесувањето на чај од ѓумбир помага во здравствената состојба како и во губењето на тежината.

Еве како ѓумбирот помага во намалување на стомакот

  • Го забрзува метаболизамот

Ѓумбирот помага во забрзување на метаболизамот и ги топи мастите. Во битката за намалување на телесна тежина, ѓумбирот прави да с ечувствувате сити подолго време и на тој начин имате потреба од внес на помалку храна.

  • Ја намалува болката во мускулите

Ѓумбирот содржи анти инфламаторни својства и на тој начин помага при болки во мускулите или при воспаленија после вежбање.

  • Помага во варењето

Ѓумбирот има долга историја за помагање при варењето при проблеми со варење, подуеност или киселини.Ѓумбирот ја стимулира плунката и продукцијата на желудочниот сок за да се помогне во варењето на храната.Пиењето на чај од ѓумбир помеѓу оброци помага во варењето на храната и при подобра апсорбција на храната.

Како да го употребите ѓумбирот за намалувае на тежина

Чајот од ѓумбир е најлесен начин да го внесете ѓумбирот во вашата диета без многу врева. Освен што е вкусен, пиењето чај од ѓумбир со лимон помага  за подобрување на здравјето.

Рецепт за чај од ѓумбир:

Состојки:

сиров ѓумбир

2 шолји вода

сок од лимон

сиров мед

Подготовка:

Земете свеж корен од ѓумбир и исецкајте 4 до 5 мали парчиња i ставете ги во чаша. Истурете топла, но не вода што врие врз ѓумбирот. Покријте ги да отстојат 5-10 минути. Прецадете ја водата за да го отстраните ѓумбирот. Додадете 1 до 2 лажици мед и лимон доколку сакате. Вашиот чај е подготвен за употреба.

Да го внесувате чајот пред секој оброј е одличен начин да ги стимулирате ензимите за варење.

Исто така и да се напиете чај пред спиење е добра прилика тој да делува преку ноќта. Кога спиете метаболизмот е побавен отколку кога сте будни.

source: faithpanda.com

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *