МИТОТ ЗА КОМБИНИРАЊЕТО НА ПРОТЕИНИ

На вегетеријанците им е позната идејата дека треба да комбинираат во ист оброк два различни извора на протеини, на пр. Грав и ориз, за да добијат “комплетни“ протеини од растителната исхрана. Новите истражувања покажаа дека тоа не е неопходно.

Оваа идеја потекнува од времето кога вегетеријанската  и веганската исхрана тукушто почнаа да се пробиваат во прв план. Раната литература која изврши огромно влијание на размислувањето за изхраната и екологијата, содржела информации дека  растителните намирници содржат некомплетни протеини и дека вегетаријанците и веганите мораат да ги комбинираат протеините од разни извори во секој оброк како би обезбедиле “комплетни“ протеини. Со оглед на нејзиното огромно влијание, не е чудо што оваа идеја се вградила во основите на вегетаријанството. Во раните седумдесетти, кога литературата од овој тип започнала да зема замав, таа идеја се сметала за нутриционистички и научно исправна. Таа започнала од едно истражување на стаорци, старо околу 60 г ( статијата која зборува за тоа објавен е во весникот  јournal of Nutrition još 196).

Меѓутоа, тоа не е случај, бидејќи неколку современи истражувања ги смениле заклучоците до кои дошле истражувачите во споменатата статија. Тоа што во таа приказна е точно е тоа дека одредени намирници од растително потекло не ги содржат сите аминокиселини. Меѓутоа, не  еточно дека морате во ист оброк внимателно да ги комбинирате растителните протеини за да не би дошле во недостаток.Зошто? Бидејќи нашиот организам е во состојба да складира аминокиселини.! Поради тоа, ако на пример јадете овесна каша за појадок, а грав за ручек, ќе добиете “комплетни“ протеини. Нема причина да ги јадете заедно.

Значи, не е неопходно да јадете ориз и грав заедно за да останете здрави. Се додека се храните со разновидна растителна исхрана, било да сте вегетеријанец или веган, немате никаква причина да се грижите з атоа дали внесувате доволно протеини и дали ќе бидат “комплетни“. Нашиот организам е многу попаметен отколку што некои истражувачи мислеле.

Извори

www.nutritionfacts.org
www.care2.com
www.forksoverknives.comИсхрана

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *