Како до убави и цврсти мускули!

Еве неколку совети што треба да јадете и правите за повеќе мускули!

1.ДИЕТА! Да, не може да се избегне, исхраната е многу важна улога за развој на мускулите и нивна регенерација. Тоа што го внесувате во вашето тело е многу важно. Една од основите за здравјето на мускулите е макроисхраната, ПРОТЕИНИТЕ. Протеините се есенцијални за регенерација и обновување на мускулите. Без соодветно внесување, вашето тело ќе компензира со надоместување од мускулите кои веќе ги имате,и вие всушност ќе ИЗГУБИТЕ мускули! Да, вашето тело ќе го земе она што му треба во протеини од вашите сопствени мускули! Затоа е важно да внесувате повеќе протеини за да ги храните вашите мускули и да им овозможите да растат посилни. Колку е доволно? Просечни жени треба да внесуваат околу 40 грама протеини дневно. Оваа бројка може да варира зависно од полот и од нивото на активности. Многу активни атлетичари би требало да ја дуплираат таа бројка. Каде може да најдете здрав извор на протеини и да ги додадете во вашата исхрана?

ХРАНА БОГАТА СО ПРОТЕИНИ                            

Парче говедско месо, пилешко или риба Јајца, мешунки, грав, грашок

Темно лиснат зеленчук како спанаќ и кељ во помали количини, јаткасто овошје и млечни производи.

Со јадење на протеини во комбинација со добри јагленохидрати може да ја зголемите апсорпцијата на протеините во крвта и да ја зголемите работата на  вашите мускули.

  1. ВЕЖБАЊЕ! За да изградите мускули треба да работите на вашите мускули! Со едноставни вежби за раце и нозе и со кревање на тегови вие ќе им помогнете на вашите мускули да станат посилни и поголеми!

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *