Кантарион – совршен лек за вашата коса и кожа!

Kантарионот се користи како антидепресив, седатив и антибиотик, се користи надворешно и внатрешно. Активна субстанца е хиперфлорин. Екстрактот од кантарион ја зголемува концентрацијата неуротрансмитера седатив и на адреналин во синапсите. Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e најшироко познато и се користи за ублажување и лечење на изгореници. Се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионовото масло се користи за надворешна употреба и за јадење. Одлично е за кожата. Ја штити кожата од воспаленија. Помага и ја негува сувата и испуканата кожа. Може да се употребува и за масажа. Се користи за опуштање на мускулите и помага кај слабата циркулација. Маслото од кантарион не треба да се користи за заштита од сонце, бидејќи е фотосензитивно и може да предизвика промени на кожата, ама ако имате изгореници од сонце тогаш е корисно. Кантарионовото масло е подеднакво добро и за модринки, изгореници и за зараснување на рани, а може да се користи и за заштита од инсекти. Се нанесува на лице како природно средство притив акни, а помага и за реума. Маслото се користи за лечење на хемориди. Кантарионот се користи и за козметичка индустрија, а вие со своето масло ќе бидете обезбедени цела година да ја одржувате својата кожа здрава. Може да се користи и за негување на косата.

Подготовка на масло од кантарион:

Цветовите од кантарион комбинирајте ги со маслиново масло

Наполнете ја теглата со цветови од кантарион, кој е претходно исушен на чиста постелнина (цветот не смее да биде премногу сув). Потоа прелијте со цветно растително масло (маслиново или друго ладно пресувано масло) до врвот на теглата. Ставете го садот на светло место и почекајте еден месец. Потоа исцедете го маслото и ставете го во чиста амбалажа.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *