Милена Димитровска – Хероина на денешницата!

Статус На Игор Јакимовски кој го воодушеви сите и ја посочи скриената хероина која на кобната ноќ во Кочани несебично се даде и пожртвувано и стручно со голема љубов ја извршувала својата работа кон повредените во болницата во Кочани.

Игор Јакимовски: Покрај се што ни се случува во оваа тешка 2025 година сепак треба и да се посочат хероите на денешницата како Милена Димитровска .

Цел ден на 16ти март бев во болницата во Кочани за да помогнам на мој начин и истовремено бев сведок на стручниот ангажман на Милена.

Дури денес ја препознав и запознав на спортски настан во Кочани каде таа волонтираше за потребите на организаторот.

Неверојатна личност која е вистинска реткост во овие денешни времиња и затоа треба да биде пример за сите нас.

Почит до небо 🙏🙏🙏

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *