Господ дава и чува! Еве како да се молите за вашето дете уште додека сте бремени!🙏

Молитва за бременост

Молитвата за бременоста е прилика да му се заблагодарите на Бог за детето кое расти во вас и да молите од Него благослов успешно да ја води бременоста до крај.

Бременоста е неверојатен дар од Бог. Тоа особено го знаат брачните парови кои со години се молат Бог да им подари дете. Поради тоа многу посведочиле дека молитвата е моќна алатка и делува.

Бог во Библијата вели дека работи во наше име кога се молиме. Колку е тоа неверојатно и охрабрувачки? Прекрасно е што со Него можеме да ја поделиме секоја добра и лоша вест. Тој ветува дека ќе се погрижи за нас!

Секогаш и за се е важно да се заблагодаруваме на Бог и да разговараме со Него. Молитвата во бременоста на многумина им помогнала да добијат поголем душевен мир и им ги олеснува сите стравови и грижи. Прекрасно е да се молите за детето кое се развива во вас и да барате Божји благослов. Сигурно е дека тоа е најголемиот подарок што можете да му го дадете на своето неродено дете.

Во продолжение ви нудиме 7 прекрасни молитви кои можете да ги молите во текот на бременоста.

  1. Молитва за благодарност за бебето

Драг небесен Татко, фала ти за детето кое ми го даваш. Фала ти за ова чудо на нов живот. Те молам моето бебе да го благословиш со добро здравје. Татко, помогни ми физички добро да се чувствувам и отстрани ги сите утрински мачнини или други потешкотии. Се молам против спонтан абортус. Знам колку е тоа вообичаено, но верувам дека сакаш да имам здраво бебе и затоа Те молам за Твој благослов низ целата бременост. Знам дека е љубовта најважниот подарок кој можам да го дадам на своето бебе, затоа помогни ми да бидам мајка која искрено сака. Употреби ме да внесам љубов во животот на моето дете. Во името на Исус. Амин.

  • Молитва за мозокот на бебето

Драги Господе, се молам за развој на мозокот на моето бебе. Те молам моето бебе да има здрав мозок и да расте нормално во склад со Твојот план за бременост. Те молам клетките да се размножат и да растат и мозокот и рбетниот мозок правилно да се развијат. Подари му на моето бебе силен рбетен мозок и здрав ум. Бидејќи Ти велиш: Што и да барате во Мое име, јас ќе направам: Јован 14:13, се покорувам на Твојот збор и Те молам да го благословиш растот на моето дете и да го направиш здраво и силно. Амин.

  • Молитва за срцето на бебето

Боже, Ти благодарам за отчукувањата на срцето на моето бебе. Благослови го срцето на моето дете и направи тоа да јакне баш како што треба. Заштити го срцето на моето бебе од било какви недостатоци или проблеми. Создај здраво бебе, недела по недела, како што тоа расте и Господе, дај му на моето дете, срце кое ќе те сака и ќе ти служи Тебе до крајот на животот. Амин.

  • Молитва за раце и нозе на бебето

Драг Боже, те молам за рацете и прстите, стапалата и ножните прсти на моето дете правилно да растат и да се развијат. Те молам за лактите и зглобовите кои се развиваат да се оформуваат како што треба. Те молам благослови ги рацете на моето бебе и употреби го за доброто на Твоето кралство. Помогни му да биде вреден-а во својата работа и да има побожен карактер.

Благослови ги и нозете на моето дете да може да оди таму каде што Ти сакаш за Твоја служба. Знам дека секој добар и совршен дар доаѓа одозгора и Те признавам како наш Создател и Бог. Фала ти за се што Си направил и за се што ќе направиш. Во името на Исус, Амин.

  • Молитва за очите на бебето

Господе, Ти благодарам што ни овозможи духовен увид низ Твојот Збор. Се молам моето бебе да расте така што ќе има остар духовен вид. Се молам уште во раниот период да го доживее Твојот повик и да ти го предаде својот живот. Отвори му ги/и очитe на неговото/нејзиното срце и просветли му го/и умот со Својот Збор.

Исто така Те молам физичкиот вид на моето бебе да се развива исправно. Ако постои било што што се заканува на видот на моето дете, Те молам веднаш да го исцелиш и да создадеш совршена ретина, очен нерв и совршена интерпретација на сликите во неговиот- нејзиниот мозок. Се молам во името на Исус. Амин.

  • Молитва за ушите на бебето

Драг Господе, Те молам за слухот на моето бебе кој сега се развива. Дај му/ и совршен слух со исправна функција на ушите и внатрешните делови на увото. Исто така Те молам моето дете да го чуе и препознава Твојот глас. Дaј му духовни уши да го слуша Твојот Збор и во послушност да го извршува. Те молам моето дете да го сака твојот глас и да биде чувствителнo на него. Те молам и моето бебе да ги слуша само добрите нешта што излегуваат од мојата уста. Помогни ми со зборовите и делата да те прославам Тебе. Амин!

  • Молитва за гласот на бебето

Драг Господе, Те молам за развој на гласот на моето бебе, неговиот/нејзиниот глас правилно да се развива. Помогни устата, грлото, гркланот и душникот да се обликуваат како што треба. Помогни на моето дете да говори само позитивни, охрабрувачки и зборови што изградуваат и да избегнува говорење на пцовки, озборувања и критики. Помогни ми и мене да бидам пример во побожен говор. Во името на Исус. Амин.

Извор: novizivot. Net

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *