Вашата ситуација не зависи од вашите средства, туку од Бога. Тој може да ја реши!

Вашата ситуација не зависи од вашите средства, таа зваиси од Бпга “Мојот Бог во Исус Христос ќе ја иполни секоја ваша потреба изобилно спрема своето богатство” (Fіl 4,19).

Под притисок, скеој од нас одново и одново ја изнесува својата потреба: “Кога би ја имал оваа една работа. Кога би можел да влијаам на таа една слабост.”

Но Исус кажува нашите очи да не ги насочиме кон нашите потреби , туку на Оној кој ги задоволува потребите : “

”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?26Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив?27Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот?” (Мt 6,25-27).

Треба да благодариме во секоја ситуација
Исус ни покажува дека треба да благодариме во секоја ситуација. соочен со гладното мноштво, со само неколку риби и лебови, Исус заблагодарил на Бога: “Тогаш Исус ги зема лебовите, Му заблагодари на Бог и ги даде” (Јован 6,11).

Исус Му благодарел на Бог пред да биде потребата исполнета – и следело чудо: “

Кога се наситија, им рече на Своите ученици: „Соберете ги останатите парчиња, за да не пропадне ништо!”13И така, ги собраа и наполнија дванаесет кошници со парчиња од петте јачмени лебови, што им останаа на оние, кои јадеа.14Луѓето, кога го видоа чудото што го направи, рекоа: „Овој е навистина Пророкот, Кој требаше да дојде на светот.”(Јован 6,12-14).

Вашата ситуација зависи од Бог, а не од вас
“А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство – во Христа Исуса.” (Фил. 4,19).

Може сте се исплачиле за својата потреба. Сега не евреме да ги испитувате своите грешки, наместо тоа, време е да се потсетите на Божјата добрина. Време е да престанете да јадикувате за својата голема потреба и наместо тоа благодарете Му.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *