Посни праски: Колач од нашето детство!

ПотребноБрашнo 250г; Маргарин 65г; Шеќер 75г; Вода 75г; Прашак за пециво  6г; Соино млеко во прав 10г;


Фил Бисквити (мелени остатоциi) 100г; Џем од кајсија200г; Рум 10г.

Подготовка: Растопете го маргаринот во една тава. Во посебна чинија просејте го брашното, а потоа одвојте две лажици на страна. Во чинијата со поголемиот дел на брашно, додајте го соиното млеко во прав и прашакот за пециво па промешајте.

Растворете 75 грама шеќер во вода па додајте брашно. Додајте го растопениот маргарин. Замесете глатко тесто. Додајте ги и оние две одвоени лажици брашно па добро расмесете тестото да биде глатко и да се двои од ѕидовите на чинијата. Тестото замотајте го пластична фолија и оставете го фрижидер малку да одмори, околу саат време.

Тестото поделете го на осум делови . Секој дел превртете го во ролери со должина од две споени раце. Поделете ја секоја ролна на 8 еднакви делови. Формирајте топки и ставете ги на хартија за печење во тава. Печете на 160 степени, околу 18 минути. Дупнете ги топчињата додека се уште млаки.

Смелети ги остатоците од издлабнатите топки, а потоа додаете им мелени бисквити и џем од кајсија. Додадете малку рум исто така. Издлабените топки пополнете ги со фил. Комбинирајте топки и отстранете го вишокот на фил.

Измешајте ја бојата за колачот во вода, додадете ја аромата на кајсија, потопете ги праските најпрво во жолта, потоа во црвена боја и оставете ја бојата да се исуши. Додека сте уште влажни, извалкајте ги во кристален шеќер.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *