Кога го имаш Бог во срцето, не е важно другите што зборуваат. – Поучна приказна!

Уште кога бил дете, на еден човек, неговата баба секогаш му говорела:- „Момче мое, ете кога ќе пораснеш голем и кога ќе ти биде тешко на душата – ти појди во храмот, таму секогаш ќе ти биде подобро“.
Кога човекот порасна, животот му стана неподнослив.

Се присети на советот на својата баба и појде во еден храм.

И таму некој му пријде: „Немој рацете така да ги држиш!“

Друга дотрча: „Немој тука да стоиш!“.

Трета го помести: „Не можеш така да се облекуваш!“

Позади него го опоменуваат: „ Не се молиш како што треба!“

Тогаш му пријде една жена и му рече: „Човеку, подобро да излезеш од храмот, да си купиш книга за тоа како треба тука да се однесуваш, па после да дојдеш.“

Излезе човекот од храмот, седна на една клупа и горко заплака.

Одеднаш слушна глас: „Дете мое, зошто плачеш?“.

Го подигна своето расплакано лице и го здогледа Христос:

„Господи, не ме пуштаат во храмот!“ – рече.

Исус го прегрна, па рече: „Не плачи, тие и Мене не ме пуштаат во храмот!“

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *