ТОА БЕШЕ ДЕТСТВО!!!

А да си седнев повторно во клупата наречена Смеа… Таа дрвена клупа, која нанижа толку многу спомени, и напиша една вечност со која чекориме низ животот, …Напиша насмевки, прегратки, смеа и радост на едно време, кога вистински се живееше, се споделуваше и радоста и тагата… Таа дрвена клупа, кога игравме, сите до еден меѓу часовите, кога беше големиот одмор… Еден тапанџија и триесетмина играорци.. Сите научивме да играме… Бреј… Што младост беше…Ми се чини и сега ги слушам звуците и играта… Влегува класниот на час, а прашина се крева до плафон.. Што правевете бре деца ?.. Ништо професоре, игравме – низ смеа ќе одговореа триесет грла.. Ќе се насмевнеше , а ние …Озарени од среќа, ќе следевме се што ќе ни се каже… Не знам што мислел нашиот класен тогаш..Но знам што мислеше кога на матурската беше горд на сите нас… Петнаесет одлични, осум многудобри, девет добри, тројца доволни…Ја гледам и сега неговата насмевка,кога ни рече;.. Ајде мои играорки, напред на орото.. IV 1 клас…Од тогаш минаа години, а јас би сакала дрвената клупа и денес да раскажува исто..Не знам.. Но сакам.. И генерациите што следат да се радуваат на животот и смеата… Непроценливо е…

Автор:Оливера Ширговска

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *