Ќе ви го згрее срцето: Маж крена в раце момче со Даунов синдром кое падна на Скопскиот маратон за заедно да ја поминат целта

Фотографии од несебично и добродушно дело на Скопскиот маратон ги преплавуваат социјалните мрежи. На нив, маж носи в раце момче со Даунов синдром кое поради умор падна на земја 50 метри пред крајот и трча со него за заедно да ја поминат целта.

Подоцна беше откриено дека овој херој со големо срце е Радован Велјановски, пливачки тренер на Специјалната олимпијада, додека името на уморното момче е Стефан Трпковски.

Скопски маратонСкопски маратон

Радован доби море комплименти за доброто дело: „Респект… Една слика илјада зборови“, „Човечноста на дело. Браво момче за твојата големина“, „Човек. Човечност. Радост во сечии очи и во сечие срце!“, „Неважен е првиот кој стигнал. Ова се моралните победници“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Скопски маратонСкопски маратон

фемина.мк

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *