6 молитви кои ќе ви помогнат во моментите кога ви е неопходна помош од Бог 

 Чудото е изненадувачки, пријатен настан кој не може да се објасни научно и со законите на природата, и поради тоа се смета дека е дело на божествена сила.

Кога Христијаните зборуваат за чуда, тие мислат на настан кој не е “нормален“- и кој не може да се случи според законите на природата.

Во Библијата се опишани 35 чуда кои ги направил Исус. Повеќе од половина од овие 35 стории се за тоа како Исус лекувал болни луѓе. Во другите е опишано како Исус истерува демони од луѓето. Во три од овие случаи Исус воскреснал мртви луѓе. А во останатите случаи ни е прикажана моќта на Исус над нештата околу нас- претворањето на водата во вино, нахранувањето на мноштвото народ со многу малку храна, чекорењето по вода, смирувањето на бурата.

Ова е само брз приказ на чудата кои ги направил Исус. Овие чуда ни помагаат да разбереме дека Исус бил многу повеќе од само човек.

Дали очајно ви се потребни чуда во моментот? За исцелување, финансиски благослови итн. Ако вашиот одговор е да, во продолжение прочитајте неколку молитви кои може да ги користите кога очајно ви е потребна Божја помош.

  1. За исцелување

Честопати кога се молиме за да се случи некое чудо во нашиот живот, ние исто така се молиме за исцелување. Гледаме многубројни примери за исцелување во Библијата, кои се случуваат со помош на моќта за исцелување на Исус. Истото е можно и во нашиот секојдневен живот:

Господе Исусе, исцели ме. Исцели во мене, сè она што сметаш дека треба да биде исцелено. Исцели ме од сето она што може да ме одвои од тебе. Исцели го моето памтење, моите чувства, мојот дух и тело и исцели ја и мојата душа.

Нежно стави ги твоите раце врз мене и исцели ме преку Твојата љубов за мене.

Те молам во Исусово име,

Амин

  1. За моќ за чудо

Моќта на чудата сведочи дека Божјиот допир е секогаш близу до нас. Многу е важно ние да бидеме свесни за Бога, на работа и секојдневно во нашиот живот во сите моменти. Моќта на чудото може да се случи во вашите животи, тогаш кога ќе имате вера и доверба дека чуда навистина може да се случат.

Дали сте спремни да ја откриете и да ја ослободите моќта на чудата?

Оваа молитва ќе ве води во тоа:

Небесен Татко, јас го отворам моето срце широко, за да ја примам Божјата љубов.

Кога ја примам Божјата љубов како дар за секого од нас, сите нешта во мојот живот се исцелуваат.

Јас ја сфаќам и ја прифаќам универзалната исцелителна моќ- како љубов, и дозволувам исцелувачката моќ-љубовта да влезе во мојот живот.

Подготвено ја прифаќам исцелителната моќ на љубовта во мојот живот и ја познавам таа моќ како љубов. Бог е неограничен и изобилен извор на љубов во мојот живот.

Го чувствувам излевањето на Божјата љубов во моето тело и ум. Ја чувствувам Божјата љубов во сите нешта во мојот живот и знам дека сè е добро.

Те молам во Исусово име,

Амин

  1. За вера, за секогаш да веруваме

Кога се молиме за чуда, важно е да сфатиме дека и ние сме чудесни суштества.

Ние немаше да бидеме овде, без моќта на Божјата рака и без делувањето на неговата чудесна моќ.

Кога ние веруваме во оваа моќ, сите нешта се возможни.

Исусе, твоите чудеса се вистинската манифестација на Твојата божественост, и предизвикуваат восхит кај душите кои те бараат. Никогаш не дозволувај да се каже: “Чудата не постојат!„ Ти си жив пример дека чудата постојат.

Благослови ме со вера за секогаш да верувам, да ја потврдам и прифатам Севишната моќ на Твоите чуда, било да се чудата од физичка или од духовна природа.

Дај ми способност веднаш да го согледам изворот на сите натприродни појави. И само твојата извонредност да се прославува. Исусе, моето постоење е прекрасно чудо.

Те молам во Исусово име,

Амин

Дали сте подготвени за чуда во вашиот живот? Имате можност за започнување одново кога верувате во Божјата моќ и во неговите одлуки кои Тој ги носи и ги прави во вашиот живот.

Кога веќе еднаш ќе го направите ова, чувствата на болка и очај ќе исчезнат. Чудата на Исус можат да го променат вашиот живот, а тие чуда започнуваат кога ќе почнеме да веруваме.

 

6 молитви кои ќе ви помогнат во моментите кога ви е неопходна помош од Бог (2 дел)

Чудата сепак се случуваат, а единственото нешто што ни е потребно за чудо е божествена сила која ќе овозможи да се случат натприродни работи кои не ги следат веќе познатите физички закони. Во претходниот текст објавивме три вакви молитви- кои можете да ги користите секогаш кога се наоѓате во тешка ситуација- и само чудо може да ве извлечи од неа. Во текстот што следи, објавуваме уште три вакви молитви.

  1. За она што само Бог може да го направи

Не ги ограничувајте вашите молитви само на едноставни ситуации кои немаат потреба од голема божествена интервенција за да се променат.

Наместо тоа, стекнете навика за молитва наменета за големи работи кои само Бог може да ги направи.

На пример, наместо да се молите за работниот ден да помине во најдобар ред, молете се за поголема цел и визија за вашата професија и за храброст за да го исполнете тоа, дури и ако ова значи да најдете сосема друга работа.

Поканете го Бога да направи нешто извонредно моќно во секоја ситуација која ќе ја изнесете пред Него:

Господе, јас се молам за она што само Ти можеш да го направиш.

Јас се молам за чудо. Јас го знам изворот од кој доаѓа таа сила. Јас верувам во Тебе, дека ќе ми пратиш знак.

Научи ме мили Господе да искусам чудо. И ако е по твоја волја, јас ќе чекам, подготвен/а да го примам моето чудо денеска.

Те молам во Исусово име,

Амин

 

  1. За Божја сила која ќе ни помогне да ги добиеме духовните борби

Никогаш нема да изгубите битка ако се борите со Божја сила која доаѓа накај вас.

Затоа не се потпирајте на вашите ограничени сили, молете го Бога да ви даде сила за да се изборите со секоја ситуација, и да може оваа сила да ви овозможи да се случат чуда:

Мили Господе, во името на Исус, ние те молиме да застанеш против постојаните демонски влијанија, духовни напади и робувањата.

Ние веруваме дека Ти имаш чудесна моќ и сила да го победиш најтемниот непријател, да ги скршиш најсилните препреки, и да го замолчиш најголемиот измамник.

Твоето име е Достоен, Славен, Семоќен во силата и денес ние прогласуваме победа, во Твое име. Испрати ни ги Твоите најмоќни воини да ја извојуваат оваа битка за нас.

Господи, за Тебе темнината сјае како светлината преку ден. Свети со Твојата светлина врз нас, ослободи не, дај ни мир, и избави не од непријателот.

Те молиме во името на Исус,

Амин

  1. За чуда кога се бориме самите со себе

Кога нешто лошо ќе се случи, немојте да упатите само неколку кратки молитви за Божја помош, и потоа да потонете во обесхрабрување ако ситуацијата наскоро не се промени на подобро.

Наместо тоа, цврсто фатете се за Божјите ветувања и борете се за да ги откриете во својот живот. Ако сте подготвени за чуда, бидете упорни, и молете се додека Бог не ви даде одговор.

Не се откажувајте од молитви за одредена ситуација, додека Божјата моќ не дојде кај вас:

Небесен Татко, чувствувам дека се откажувам. Помогни ми да се сетам на причината поради која започнав. Помогни ми да ја видам целта позади Твојот план. Овозможи ми ја неопходната милост.

Дозволи да останам пред Твоето лице, и да најдам сила за следниот чекор, да ја откријам верата која ќе ми овозможи да продолжам да се обидувам и да верувам дека чудата се возможни и денес и во сите останати ситуации.

Те молам, во Исусово име,

Амин

Дали сте подготвени за чуда во вашиот живот? Имате можност за започнување одново кога верувате во Божјата моќ и во неговите одлуки кои Тој ги носи и прави во вашиот живот.

Кога веќе еднаш ќе го направите ова, чувствата на болка и очај ќе исчезнат. Чудата на Исус можат да го променат вашиот живот, а тие чуда започнуваат кога ќе почнеме да веруваме.

24 коментари

  1. Bi sakal da predlozam da se molime zaednicki site vo odredeno vreme koe ke go opredelime i koja molitva zatoa sto lugeto se pomalku odat vo crkva. Pa taka ako mozete da opredelite vreme i molitva pa koj i kade da se naoga da se pomolime na BOGA vo isto vteme toa e mnogu korisno za site. Fala pozdrav!

    1. Амин Господе..
      Јас немам многу искуство и не сум достоен да се молам зошто незнам.. ама те молам покажи ми го патот, моето бедно постоење сака да престане оваа болка.. ќе се обидам да бидам подобар Господи имај милост.. Амин

Напиши одговор на Goce Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *