ОД ДНЕВНИКОТ НА ЛАВ ТОЛСТОЈ: „ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАБЛУДИ Е КОГА ИМ СУДИМЕ НА ЛУЃЕТО ДЕКА СЕ ДОБРИ, ЗЛОБНИ, ГЛУПАВИ, ПАМЕТНИ“

Една од најголемите заблуди е кога им судиме на луѓето дека се добри, злобни, глупави, паметни. Човекот тече, и ги има сите можности: бил глупав – станал паметен, бил зол – постанал добар и обратно. Во тоа е величината на човекот. Поради тоа не треба да му се суди. Вие сте го осудиле, а тој веќе станал поинаков.

(Дневник 1898)

Јас би бил најнесреќниот човек, да не ја бев нашол целта на мојот живот – цел општа и корисна…

(Дневник 1847)

Најсреќни периоди на мојот живот беа само тие кога цел живот го посветував на служење на луѓето.

(Дневник 1901)

Природата влегува во човекот и дишењето, и храната, така што човекот не може да не се чувствува себе си како дел од неа, и неа како дел од себе.

(Дневник 1899)

Војната е неправедна и лоша работа, затоа што оние кои се борат се обидуваат да го задушат гласот на својата совест.

(Дневник 1853)

Уметност – еден од начините за разликување на доброто од злото, средство за признавање на доброто.

(Дневник 1896)

Главната цел на уметноста… да ја покаже, да ја изрази вистината за човечката душа… Уметноста е микроскоп кој го носи уметникот до тајните на својата душа и ги открива тајните кои се заеднички за сите луѓе.

(Дневник 1896)

 

fakulteti.mk

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *