Не е случајност низ она што поминувате! Секој тест и искушение се под Негова контрола!

Новиот завет зборува за грижата (воспитна корекција): „и ја заборавивте опомената, која ви зборува вам како на синови: `Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима.` ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови. Зашто кој е тој син, кого таткото не го казнува?“ (Евреите 12:5-7). Самиот Исус изјавил: „Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам, затоа биди ревностен и покај се!“ (Откровение 3:19). Павле запишал: „а кога Господ не` суди, не` накажува, за да не бидеме осудени со светот.“ (2 Коринтјаните 11:32). И Стариот завет исто така зборува за Господовата грижа кон нас: „Сине мој, не ги отфрлај Господовите опомени, и немој да го замразиш Неговиот укор, зашто кого Јахве го љуби, него и го изобличува како таткото синот, кого го љуби.“ (Пословици 3:11-12). Она низ кое што поминувате како Божјо дете не е случајно или изолирана несреќа. Секој тест, секое тешко искушение се под негова внимателна контрола и за се` тоа постои целно достигнување. „Имено, тие не` казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.“ (Евреите 12:10). Грижата (укорувањето) може да изгледа непријатно, како да нѝ се случува нешто чудно. Не е радосно, но кога ќе помине, произведува „плод полн со мир – праведност“. Меѓутоа, само оние кои сакаат да учат и имаат волја да бидат обучени, ќе родат плод. Сатаната ќе ви зборува и на вас како што му зборувал на Јов: „Праведниците не трпат! Ако Бог те слушнал, ако те спасил, ако те љуби, ако си негово вистинско ветување, веднаш би требало да бидеш избавен. Твоето трпение не треба да трае толку долго. Каде е твојот Бог? Дали верата е она од што имаш полза?“ Возљубени, не ја отфрлувајте својата вера! Сатаната е лажго! Вашето трпение е присутно, затоа што знаете дека Бог ве сака и се грижи за вас. Го баравте за да ве направи слични на Него и единствено Тој знае што е потребно за тоа. Тој знае што може да ве уништи и знае кога да ви го покаже патот за бегање од тоа. Тој не почнува да делува, се додека не дојде неговото време. Не дозволувајте да се разболите!  Бог има се`  под контрола, вклучувајќи ја болката која е поврзана со болеста. Можеби немаше да одите по правилниот пат, ако попрво сега би ве подигнал!

 

Автор: David Wilkerson                                                                                    Превел:

Извор: novizivot.net                                                                      Катерина Стојкова

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *