Како нашето тело реагира на молитва?

Резултатите од истражувањата се восхитувачки

Резултатите од најновото истражување за поврзаноста на верата со здравјето покажува дека молитвата позитивно влијае на здравјето на луѓето- пренесува агенцијата Анадолу (Anadolu Agency).
Според истражувањето кое го спроведе Марино Брус од Универзитетот Вандербилт во САД, лицата кои ја посетуваат црквата и учествуваат во молитва можат да го намалат ризикот од смртност за 55% во однос на лицата кои не се молат.
Ова особено се однесува- како што се наведува во истражувањето- на лицата на старосна возраст од 40 до 65 години.
Според пишувањата на порталот Fokus, професорот Bruce собрал податоци од 5449 личности, од двата пола и од различни раси, за тоа колку често е посетуваат црквата, како и во нивниот социо-економскиот статус и здравствено осигурување.
Со помош на споменатите податоци, Bruce заедно со својот тим на соработници развил модел со кој го предвидува ризикот од смртност.
Собраните податоци од истражувањето на крајот покажале дека лицата кои никогаш не посетувале црква и не се молеле двоструко се подложни на прерана смрт во однос на лицата кои посетувале црква.
Bruce, кој инаку е свештено лице, истакнал дека неговото истражување не се однесува само на една религија туку на сите познати светски религии.
Истакнал дека верските чувства значајно придонесуваат за намалување на стресот, кој, како што објасни-предизвикува разни воспаленија и го зголемува ризикот за разни заболувања.
Во разговорот со американските медиуми, професорот истакнал како одлучил да го спроведе споменатото истражување, за да дополнително ја истражи духовноста со здравјето на луѓето.
Истражувањето на професорот Bruce е објавено во научното списание “The Plos one”.
Превземено од порталот: https://www.novizivot.net

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *