Исус Христос Доаѓа:Ураганот Ирма е само почеток на крајот!

Бог ни кажува во Библијата:  „И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани.
И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со голема сила и слава.
А кога ќе почне тоа да станува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето избавување.” Лука (21,25-28)

Hurricane Irma, Tampa Skyline

“а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото.“ – Лука 21,11

“Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство, и на разни места ќе има глад, помор и потреси; а сето тоа е почеток на страдањата.
Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат;
многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади.
А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.
И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.” (Матеј 24.7-14)

Исус Христос ќе дојде наскоро, сите зборови напишани во Библијата ќе се исполнат, времињата ќе се изменат, љубовта кај луѓето ќе олади, беззаконијата ќе се намножат, но кок претрпи до крај ќе биде спасен.

Не губете вера, не губете надеж, Исус Христос ќе дојде наскоро и ќе стави крај на сите неправди, подгответе се да се сретнете со Него.

 

 

 

 

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *