Дали знаете зошто луѓето викаат едни на други кога се лути?

Еден учител наишол на семејство чии членови луто се дереле еден на друг. Се насмевнал и ги запрашал своите ученици: „Дали знаете зошто луѓето викаат едни на други кога се лути?“
Учениците размислувале некое време. Еден од нив одговорил:
„Викаме затоа што го губиме својот мир.“
„Но, зошто мора да викаме кога другиот е покрај нас?!“ – прашал учителот.
Учениците дале уште неколку одговори, но учителот не бил задоволен од ниту еден.

Конечно се решил да им објасни: „Кога луѓето се лутат, нивните срца се оддалечуваат. За да ја покријат таа оддалеченост мора да викаат за да се чујат. Колку се полути, толку погласно викаат.“

„Кога луѓето се сакаат, не викаат еден на друг туку зборуваат нежно затоа што нивните срца се блиску. Разликата меѓу нив не постои или е многу мала…“

Учителот продолжил:
„Кога се сакаат уште повеќе, знаете ли што се случува? Шепотат, и се приближуваат меѓусебно сè повеќе. На крајот веќе нема потреба ниту да шепотат, само се гледаат.“
„Затоа, кога се расправате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат. Не кажувајте работи кои ќе ве оддалечат, затоа што ќе дојде денот кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што нема да го најдете патот по кој ќе можете да се вратите назад.“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *