Го достигнав врвот во деловниот свет. Во очите на другите мојот живот е налик на успех. Меѓутоа, освен работата, имав малку радост. На крајот, богатството е факт од животот на кој се навикнав.
Во овој момент, додека лежам во болничкиот кревет и се присетувам на целиот свој живот, сфаќам дека сите признанија и богатства кои ги земав со толкава гордост избледеа и станаа безначајни пред лицето на претстоечката смрт.
Во мракот, додека гледам во зелените светла на апаратот за одржување на живот и ги слушам механичките звукови, јас го чувствувам здивот на смртта од Бога како ми се приближува.
Сега знам, дека кога ќе стекнеме доволно богатства за целиот живот, треба да копнееме за други работи кои не се поврзани за богатството…Тоа би требало да биде нешто поважно:
Можеби меѓучовечките односи, уметноста, може некој сон од младоста…
Константното копнеење за богатство може само да ја промени личноста во испревртено суштество како мене. Бог ни дал сетила со што би ја почувствувале љубовта во сечие срце, а не илузии кои ни ги носи богатството.
Богатството кое го остварив во животот не можам да го понесам со себе. Она што можам да го понесам се само спомените како резултат на љубовта. Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, кое ќе биде со вас, ќе ви дава сила и ќе ви го осветлува патот да продолжите напред.
Можете да вработите некој да вози автомобил за вас, да ви заработи пари, но не можете да имате некој да ја носи болеста за вас. Материјалните работи кои ќе се изгубат можат да се најдат. Но постои една работа која не може никогаш да се пронајде кога ќе се изгуби, а тоа е “Животот.“
Во која фаза и да се наоѓате во животот, со времето ќе дојде ден кога ќе мора да се соочите со тоа дека завесите се спуштаат.
Чувајте ја љубовта за своето семејство, за партнерот, за своите пријатели….Чувајте с еи вие самите. Грижете се за другите.“