“Го сакам целото твое срце, целата твоја љубов–не само послушност со половина срце!”

Низ целото писмо Бог ни дава јасна слика за тоа колку е важно да сме послушни на Неговата Реч. Еден таков пример гледаме на крајот на животот на цар Саул, кому Бог му дава јасни и специфични заповеди преку пророк Самуил:“Оди сега и нападни го Амалик (и Иерим) и истреби сè негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни сè што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до магаре.”” (1 Сам 15,3).

Бог му зборувал на Саул со кристално јасни зборови, меѓутоа, откако отишол во борба, го послушал Бог само делумно. Наместо да уништи се и секој, го поштедил кралот Агаг па дури и задржал некој плен од борбата.

Самуил бил погодоен со жалост. Му рекол на Саул: “И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сè додека ги истребиш.’  Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?”” (1 Сам 15,18-19)

По таа точка, Писмото дава вакво објаснување: “И дојде слово од Господ кон Самоил: 1„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.”  (1 Сам 15,10-11).

 Го опишува ли ова вашиот живот? Дали Бог ви рекол од нешто да се отстраните а вие и понатаму го правите тоа?Можеби сега Неговиот Дух ви зборува со љубезен и нежен глас : “Твојот грев стои помеѓу нас, ја прекинува нашата заедница.Не можам подлабоко да те благословам бидејќи се уште си во него. Потпри се на Мене дека ќе ти помогнам. Остави го тоа, дете мое..”

Бог ни вели: “Го сакам целото твое срце, целата твоја љубов–не само послушност со половина срце!”

новиживот.нет

 

One comment

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *