10 Причини Зошто Бог Дозволува Неволји И Проблеми!

Често во животот се прашуваме зошто добрите луѓе страдаат? Зошто Бог допушта неволји и проблеми? Зар Бог не не сака?

Кога имате вакви сомнежи вие му дозволувате на сатаната да ве искушува вас и вашата вера. Но не дозволувајте да имате такви стравови и сомнежи. Не дозволувајте да се исполните со очај и горчина кон Бог и животот. Не заборавајте колку пати Бог ви помогнал и дека пак ќе ви помогне. Верувајте и ќе победите со Божја помош.

Кога с епрашуваме зошто Боже? Бог не уверува дека треба да чекаме и да веруваме во Неговото време. Додека така с епрашуваме, Бог ги користи неволјите за да не изгради, одговара на нашите молитви, отвара врати, им помага на другите, прави чуда секој ден. И додека се грижиме Тој ни покажува дека не сака, ни дава утеха, не охрабрува, мотивира и работи позади сцената. Тој ни покажува дека никогаш не не заборавил.

Еве неколку причини зошто Бог допушта неволји и проблеми:

  1. Неволјите ни помагаат да бидеме истрајни

Јаков 1:12  Бог ги благословува оние кои трпеливо трпат тестирање и искушение.

Галатјаните 6:9  Кога правиме добро, тоа нека не ни биде здодевно, зашто во свое време ќе пожнееме, ако не се измориме.

Евреите 10:35-36 И така, не напуштајте ја вашата слобода; таа ви носи голема награда. Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното;

2. Понекогаш страдаме поради сопствените грешки.

Понекогаш не го слушаме Бог и си страдаме од своите постапки. Тогаш не можеме да го обвинуваме Бог за нашите маки и проблеми. Можеме само да го бараме за помош и за прошка.

3. Бог може те заштитува од некој поголем проблем.

Псалм 121:5-8 5 Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила откај твојата десна рака.
Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноќе ќе ти штети.
Господ ќе те запази од секакво зло и ќе ја чува душата твоја.
Господ ќе го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека.

Псалм 9:7-10 Но Господ вечно седи на престолот; го подготвил престолот Свој за суд;
Тој ќе му суди на светот според правда, на луѓето ќе им суди праведно.
Господ им е тврдина на угнетените, крепост во време на неволја.
Нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш оние што Те бараат.

Псалм 37:5 Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува;

4. Бог сака да те направи попонизен.

2 Коринтјаните 12:7 И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам. 8 Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене.

Мудри изреки 18:12 Пред паѓање срцето на човекот се возгордејува, а смиреноста оди пред славата.

5. Твојата Проба = Божја Прослава

Бурата нема да трае вечно и искушенијата се прилики за сведоштво. Бог се прославува кога сите знаат дека поминуваш низ тешка проба и сепак остануваш силен дека Бог ќе те избави.

Можеш да помогнеш некому бидејќи си бил во таква ситуација. И покрај болката ти си одлучил да Му веруваш на Бог.

2 Коринтјаните 1:3-4 Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. 4 Тој нè утешува при секоја наша неволја, та и ние да можеме да ги утешиме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нè утешува нас самите!.

6. За да можеш повеќе да се потпираш на Бог.

2 Коринтјаните 12:9-10 9 Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.” Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. Затоа уживам во слабости, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

7. Ти помага да бидеш поблиску до Бога.

Римјаните 8:28-29 А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро; зашто оние, кои однапред ги позна, нив и ги предопредели да бидат сообразни со ликот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте браќа.

8. Не учи да бидеме поблагодарни.

1 Солунјаните 5:16-18 Радувајте се секогаш!  Молете се постојано!  Благодарете за сè, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

9. Неволјите не присилуваат да го бараме Бог повеќе

Колосјаните 3:1-4 И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога; 2 мислете за небесното, а не за земното. 3 Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога. 4 А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.

10. Не знаеме зошто.

Исаија 55:8-9 “Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли.

Еремија29:11 Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.

Изреки 3:5 -6  Надевај се на Господ од сè срце и не се потпирај врз твојот разум.
По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.

Понекогаш може да признаеме дека може не знаеме зошто ни се случуваат некои работи но треба д аимаме доверба во Бог дека Тој знае најдобро.

3 comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *