8 работи кои е добро да им ги кажете на вашите тинејџери!

Сите копннеме нашите деца  да пораснат во добри и паметни деца. Се трудиме да направиме најдобро што можеме да станат мудри и свои личности со Божја помош.

Што е она што нашите тинејџери е потребно да го слушнат?

Дали би направило разлика?

Да, нашите зборови им се важни. Започнете со моќната вистина….

1. Ти вредиш.

Потсетете ги дека се Божји деца и дека се вредни во Неговите очи. Тие с епосебни и не треба никогаш да го заборават тоа. 

“Ти си создаден за да можеш да направиш разлика. Ти имаш моќ да го промениш светот.” Andy Andrews

Тие се вредни во очите на Бог, во твоите очи секогаш и во секое време.

Фотографија: ©Thinkstock/digitalskillet

2. Те сакам.

Да не заборавиме колку многу Бог не сака нас и секој ден ни го покажува тоа. На истиот начин треба и ние да им ја покажуваме нашата љубов на нашите деца и да с ечувствуваат сакани. Бидејќи саканите деца се среќни деца.

Фотографија: ©Thinkstock/Martinan

3. Верувам во тебе.

На децата им е потребно да им покажеме дека веруваме во нив. Да им покажеме доверба дека тие можат да постигнат многу во животот со наша и со Божја помош. Да не с есомневаме во нив и да им помогнеме да ја градат својата самодоверба полесно.

Фотографија: ©Thinkstock/milicad

4. Не заборавајте чии деца се (сте).

 Тие се Божји деца. Потредете се никогаш да не го заборават тоа. Тој се грижи за нив на сите патишта нивни и нема никогаш да ги остави. Тој ги сака дури повеќе од вас. Доверете Му ги Нему и верувајте дека се сигурни во Божјите раце. 

Фотографија: ©Thinkstock/BananaStock

5.Благодарна сум Му на Бог за тебе.

Му благодарам на Бог секогаш кога ќе мислам на тебе.. Филипј.1,3

Кажете им на вашите деца дека мислите често на нив и дека сте благодарни за нив.

Кажете им :  добив прекрасен подарок – ТЕБЕ. Секој ден благодарам за овој прекрасен подарок.

Фотографија: ©Thinkstock/Kikovic

6. Може ли да ти кажам нешто што го научив?

Нека вашите поголеми деца ве слушаат со почит како им нудите добар совет.

Мудроста доаѓа со искуството. Научете ги дека вие имате поголемо искуство и дека кога ќе им треба некој совет секогаш можат да се потпрат на вас.

Фотографија: ©Thinkstock/monkeybusinessimages

8. Се молам за тебе.

Кажете им дека секогаш се во вашите молитви. 

Молете се за нивното здравје, за нивните проблеми, за нивните потреби и искушенија. Бог ќе ги заштити од сите лоши влијанија и напади.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *