Топ 5 намирници богати со магнезиум!

Магнезиумот е минерал со многубројни функции во нашето тело. Негов најчест извор се растителните продукти, и со правилна и балансирана исхрана лесно може да ги задоволиме дневните потреби од магнезиум.  Тој учествува во синтеза на над 300 ензими во човековото тело, овозможува нормална функција на нервниот систем и нормална мускулна активност, ја оддржува и подобрува работата на имуниот систем, поддржува нормален срцев ритам, ги одржува коските во добро здравје, ја помага регулацијата на крвниот шеќер и ја помага продукцијата на енергија. Со оглед на тоа дека овој минерал е од особена важност за нашето здравје и за правилно функцонирање на нашето тело добро е да знаете која храна треба да ја јадете за да внесувате доволно магнезиум во вашето тело.

  1. Спанаќ Во 100гр свеж спанаќ се содржат околу 80мг магнезиум што задоволува дури 20% од вкупните дневни потреби на вашето тело за магнезиум.
  2. Блитва По содржина на магнезиум и блитвата е скоро на исто ниво со спанаќот бидејќи и во 100гр блитва се содржат околу 80мг магнезиум, и исто и оваа количина на блитва задоволува 20% од дневните потреби за магнезиум, што значи дека ако во еден ден изедеме околу 500гр блитва и спанаќ комплетно ќе ги задоволиме дневните потреби од магнезиум.
  3. Семки од тиква Во 100гр семки од тиква се содржат околу 260мг магнезиум што задоволува околу 65% од дневните потреби за магнезиум, што значи дека секојдневна консумација и на мали количини на семки од тиква претставува добар начин за внесување на потребните количини на магнезиум преку исхраната.
  4. Бадеми Во 100гр бадеми има околу 270мг магнезиум што значи дека тие содржат слично количество на магнезиум како и семките од тиква и исто така претставуваат одличен извор на овој минерал.
  5. Леќа Во 100гр леќа се содржат околу 120мг магнезиум што задоволува околу 30% од дневните потреби за магнезиум.

Одговара: Нутриционист Маја Велковска

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *