Бог никогаш нема да крене раце од вас!

Можеби денес поминувате низ некој тежок период или криза. Можеби и вие како Израелскиот народ си мислите дека му згрешивте на Бог и дека Тој не ве сака секогаш.Кога Израелците мислеле дека Бог ги оставил поради нивните гревови Бог им рекол: “Како би можел да кренам раце од вас? Моето срце трепери и пробудено е моето сочувство?“

Верувајте дека и покрај сите неволји Бог е со вас, ве сака. Тој вели: “ Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ќе падне пред Мене секој дух и секоја душа што сум ги создал. “ (Исаија 57,16) Тој уште ни вели  “Ги видов патиштата нивни, но ќе ги излекувам, ќе ги водам и ќе ги утешувам, нив и оние што ги жалат. 19 Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен” – вели Господ, „И ќе го излекувам.”

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *